Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Фондацијата Отворено општество – Македонија обезбедува поддршка за граѓанското општество во Република Северна Македонија за поттикнување демократски реформи и забрзување на процесот на пристапување во Европската унија преку работа во три области: 1) Интеграција во Европската Унија и регионалнa економска соработка, 2) Праведна зелена транзиција и 3) Дигитална трансформација.

ФООМ го објавува овој Конкурс за доделување грантови со цел да поддржи проекти на граѓанските организации во Република Македонија за следниве три вида грантови:

  1. Поддршка за проекти на граѓански организации ангажирани во промоција и поддршка на процесот на интеграција во Европската унија и регионалната економска соработка
  2. Поддршка за проекти на граѓански организации за прилагодување кон климатските промени насочени кон праведни политики за животна средина и одржлива зелена транзиција во земјата
  3. Поддршка за проекти на граѓански организации кои ги адресираат предизвиците на процесот на дигитална трансформација на општеството

 

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ГРАНТОВИТЕ

Со овој Конкурс ќе се доделат грантови во рамки на наведените три теми на работа на Фондацијата Отворено општество – Македонија во 2023 година, и тоа:

 

  1. Поддршка за проекти на граѓански организации ангажирани во промоција и поддршка на процесот на интеграција во Европската унија и регионалната економска соработка

Намената на овие грантови е да му овозможи на граѓанското општество активно да се залага за забрзување на Европската интеграција и регионалната економска соработка. Овие грантови би требало да промовираат дијалог, да го поддржат процесот на реформи, да ја мониторираат имплементацијата на политиките и да се застапуваат за промени. Овие грантови се наменети за проекти кои на виделина изнесуваат нови податоци, ги прошируваат постоечките извори на податоци и ги подобруваат корисноста и интерактивноста на податоците преку зголемување на нивната видливост, разбирливост и достапност за граѓаните и за креаторите на политиките. Активностите треба да обезбедат ефикасно комуницирање на анализите и извештаите со засегнатите страни и нивно натамошно користење од групите за застапување и граѓаните. Граѓанските организации низ активностите треба да ја промовираат економската соработка и развој, да ги адресираат прашањата поврзани со Европската интеграција и да ги користат механизмите за инклузивно креирање на политиките.

 

  1. Поддршка за проекти на граѓански организации за прилагодување кон климатските промени насочени кон праведни политики за животна средина и одржлива зелена транзиција во земјата

 

Намената на овие грантови е да се поддржи работата на граѓанските организации за учество во и насочување на дебатите за креирање одржливи развојни политики; да се поддржат мониторинг и застапувања за политики за праведна зелена транзиција, базирани на докази; да се зголеми јавната свест за потребата од промена на негативните однесување на поединците и заедниците, бизнисите, одговорна и отчетна работа на локалните власти, централните власти и јавни институции.

ФООМ ќе поддржи иновативни и креативни проекти кои ќе се застапуваат за подобрување на политиките и практиките за праведна зелена транзиција, ќе ја поддржат имплементацијата на Зелената агенда за Западен Балкан, да укажат на тековните предизвици и ќе понудат решенија или дополнително толкување за последиците од неактивноста за сопирање на енормното аерозагадување, растечката загрозеност на биолошката разновидност, намалувањето и злоупотребата на зелените површини и водите, управувањето со цврстиот отпад итн.

  1. Поддршка за проекти на граѓански организации кои ги адресираат предизвиците на процесот на дигитална трансформација на општеството

 

Овој вид грантови е наменет за граѓански организации со искуство и кредибилитет во застапување за унапредување на дигиталните политики и капацитет за предлагање иновативни решенија.

Овие грантови ќе поддржат предлог проекти кои се застапуваат за реформи во политиките во дигиталната сфера кои ќе водат сметка за потребите на сите граѓани, го зголемуваат пристапот до услугите на јавните институции на локално и централно ниво и ги развиваат дигиталните вештини на сите засегнати страни. Предлог – проектите треба да опфаќаат актуелни прашања и да овозможат подлабоко разбирање за предизвиците и можностите што ги нуди дигиталната трансформација. Предлог-проектите треба да поттикнат активно вклучување на граѓаните во решавање заеднички прашања преку развивање механизми за граѓанско учество и застапување за минимална остварлива дигитална инфраструктура која е инклузивна и остварлива само преку меѓу-секторска соработка со други граѓански организации, властите, бизнис секторот и други засегнати страни во релевантните заедници.

 

БУЏЕТ И ВРЕМЕНСКА РАМКА

Период на реализација на активностите за сите три типа грантови е помеѓу 6 и 9 месеци во периодот јули 2023 – март 2024 година . Предлог буџетот за секој проект може да биде во рангот од 15.000 УСД до 25.000 УСД.

 

ФИНАНСИРАЊЕ ОД ДРУГИ ИЗВОРИ

Финансирање од други извори е пожелно, но не е задолжително за овој конкурс. Организациите кои се пријавуваат на конкурсот се охрабруваат да обезбедат учество во покривање на трошоците од сопствени средства или од други извори/донатори, како финансиско учество кое е неопходно за постигнување на резултатите од проектот и кое може да се потврди со документи.

 

ПРОЦЕС НА ОЦЕНУВАЊЕ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Со овој конкурс ќе се поддржат предлог проекти кои се иновативни и ќе постигнат видливо влијание и кои:

а)    директно ги поддржуваат целите на Фондацијата Отворено општество – Македонија;

б)    нудат креативни и ефективни стратегии за пристап до информации и за придонес кон политиките;

г)     применуваат, кога е соодветно, стратегиско користење на медиумите во промоција на целите;

д)    промовираат интегративен пристап со фокус на етникумите, родот и лицата со посебни потреби;

ѓ)     градат партнерства и коалиции за зголемување на влијанието.

 

Приоритет ќе им се даде на нови, иновативни и креативни иницијативи коишто ветуваат одржливост на долг рок и кои промовираат интегративен пристап со фокус на заедниците, родот и лицата со посебни потреби.  Охрабруваме на Конкурсот да се пријават организации кои претходно не биле грантисти на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Фондацијата Отворено општество – Македонија ќе додели грантови само на одговорни грантисти кои поседуваат потенцијал за успешно спроведување на предлог-проектите во согласност со критериумите и условите наведени во овој конкурс. Предвид ќе се земат и интегритетот, претходното искуство, финансиските и техничките ресурси, и пристапот до други неопходни ресурси.

Изборот на грантисти е процес кој ќе се одвива во три фази: првично оценување, оценување и доделување на грантовите. Секоја пријава ќе биде првично оценета за да се гарантира дека ги исполнува основните барања и дека е во согласност со критериумите за квалификација, кои се:

 

 

Пријавата мора да биде во согласност со сите критериуми за квалификација, со цел истата да премине во фазата на оценување. Пријавите кои не ги исполнуваат овие услови ќе бидат одбиени и нема да бидат оценувани.

Сите пријави што биле позитивно оценети во фазата на првично оценување ќе бидат предмет на понатамошно разгледување и оценување врз основа на следниве критериуми за избор:

 

  1. Технички пристап (максимум 60 поени)
    • Релевантност на потребите и прашањата што се опфатени (30 поени)
    • Квалитет на предложените активности (15 поени)
    • Активности ориентирани кон резултати (15 поени)

 

  1. Капацитет и претходно искуство на организацијата (максимум 20 поени)
    • Капацитети на организацијата за адресирање на проблемот (10 поени)
    • Релевантни искуства и резултати во слични области (10 поени)

 

  1. Предлог-буџет (максимум 20 поени)
    • Рационалност на буџетот (10 поени)
    • Административни, финансиски и менаџерски капацитети (10 поени)

 

Во текот на процесот на оценување, ФООМ може да побара дополнителни информации од подносителот на пријавата за предлог-проектот или за организацијата, коишто смета дека се потребни за завршување на оценувањето. Барањето дополнителни информации не подразбира дека ФООМ ќе го поддржи или нема да го поддржи предлог-проектот. Пред одобрувањето на грантот, ФООМ може да ги посети пријавените организации.

До пријавените организации ќе бидат испратени писма за одобрување, одбивање или за условно одобрување на предлог-проектите. Организациите чии предлог-проекти ќе бидат одобрени ќе добијат Договор за грант во кој се наведени правните обврски на организацијата-грантист.

Листата на избраните организации ќе биде објавена и на веб страната www.fosm.mk.

 

ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Секој предлог-проект треба да биде поднесен на соодветниот образец за пријавување, вклучувајќи ги сите потребни прилози. За целосно поднесена пријава ќе се смета само онаа која вклучува:

  1. Образец за пријавување (Прилог 1);
  2. Образец за предлог – буџет (Прилог 2);
  3. Временска рамка за спроведување (Прилог 3);
  4. Индикатори за мерење на напредокот на проектот (Прилог 4);
  5. Основни информации за партнерските организации, ако е применливо (во дадениот формат: Прилог 5).
  6. Писма за преземање обврска од партнерите во проектот, ако е применливо;

 

Дополнителни задолжителни прилози:

  1. Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија, не постара од една година;
  2. Документ за регистрација согласно Законот за здруженија и фондации од Централниот регистар на РСМ;
  3. Годишен наративен и финансиски извештај од претходната година ако е регистриран повеќе од една година (поднесувањето на овие документи е задолжително, доколку ги нема организацијата треба да достави изјава за причините)
  4. Последен ревизорски извештај (доставувањето на овој документ е задолжително, доколку нема ревизорски извештај организацијата треба да достави изјава за причините);
  5. Работни биографии на персоналот вклучен во проектот (максимум две страници за секоја биографија);

 

Предлог проектите чие спроведување се засновува на соработка со јавни институции треба да поднесат и документ за согласност за соработка потпишан од страна на соодветната институција.

Образецот за пријавување треба да биде целосно пополнет со користење на фонт Calibri, големина 11.  При пополнување на Образецот за предлог буџет (Прилог 2) потребно е да се води сметка за правилата дадени во Упатството за буџетирање кое е дел од овој повик.

Комплетните пријавите треба да се поднесат електронски, и тоа и во word и во pdf формат,  на следниве адреси: adrijana.lavchiska@fosm.mk и marija.mirchevska@fosm.mk со наслов на пораката кој содржи Име на подносител и наслов на проект. Доколку имате прашања, поставете ги на adrijana.lavchiska@fosm.mk и marija.mirchevska@fosm.mk најдоцна пет дена пред истекот на крајниот рок за поднесување пријави.

Информативна сесија за организациите кои имаат намера да поднесат пријава ќе се одржи онлајн на 13 јуни 2023 со почеток во 12 часот. Заинтересираните учесници треба да се пријават најдоцна до 12 јуни 2023 до 16 часот на следниве адреси: adrijana.lavchiska@fosm.mk и marija.mirchevska@fosm.mk. Регистрираните учесници ќе добијат линк за учество на информативната сесија.

РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИЈАВИ Е ДО 27 ЈУНИ 2023 Г. ДО 16 ЧАСОТ.  ПРИЈАВИТЕ ДОБИЕНИ ПО ОВОЈ РОК НЕМА ДА БИДАТ РАЗГЛЕДУВАНИ. 

Array
(
    [0] => 
)
Дополнителни документи :
Образец за пријавување
Образец за предлог – буџет
Индикатори за мерење на напредокот на проектот
Временска рамка за спроведување
Упатство за буџетирање
Информации за партнерските организации
Преземање обврски
Погледнете:
Резултати од конкурсот

—————————————————

7 јуни 2023