ЕВРОПСКА УНИЈА
Партнерски организации: Имплементатори: Фондација Отворено општество – Македонија во партнерство со Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор и Здружението Центар за образовна поддршка Дендо вас
Локација: Република Северна Македонија
Времетраење: Октомври 2019 - Октомври 2022
Проектни активности:
Стипендии: Вкупно 1545 стипендии за 615 ученици Роми запишани во прво, второ и трето одделение, што ќе овозможи вклучување што поголем број деца Роми во основното образование, а воедно ќе се намали финансискиот трошок на ромските семејства поврзан со школувањето на нивните деца. Стипендиите во висина од 400 евра годишно се наменети за ученици Роми, чии семејства се приматели на социјална помош. Задржувањето и обновувањето на стипендијата ќе зависи од редовноста на наставата и од успешниот премин во следното одделение.
Поддршка на ромската заедница: Oбезбедување 60 асистенти во општините со најбројна ромска заедница, кои ќе имаат блиска соработка со ромските семејства и училиштата и ќе помогнат во процесот на идентификувањето на децата кои се надвор од образовниот систем, нивно запишување во училиштата, редовното следење на наставата како и успешен премин во следните одделенија.
Поддршка за училиштата: Обезбедување грантови за максимум 50 училишта за спроведување мали проекти кои преку игра и заедничко учество во училишни активности ќе поттикнат интеракција и размена на знаење помеѓу учениците ќе овозможат трансформација на училниците во поинклузивна средина за учење каде ќе се почитуваат различностите и ќе се стимулира развојот на сите деца подеднакво, како и спроведување на обуки за образование и социјална правда за наставниците и друг професионален кадар од училиштата.
Едукативна и мотивациска кампања: Како дел од проектот се планирани и повеќе едукативни настани и дистрибуција на материјали како и едукативна медиумска кампања која ќе има за цел да ги информира и охрабри ромските семејства да ги запишуваат своите деца во училиште кое редовно ќе го посетуваат, но и да ги промовира генералните придобивки од образованието врз иднината на децата квалитетот на живеењето.
Клучни чинители и соработници: Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, локалната самоуправа и училиштата.
Буџет: 1 363 516 евра 1 225 528 евра - средства од Европската Унија 137,988 - учество на Фондацијата Отворено општество - Македонија
Временска рамка април 2019 – април 2022
Носител: Фондација Отворено општество – Македонија
Партнери: Евротинк, Реактор и Центар за граѓански комуникации
Очекувани резултати:
Буџет на проектот: 640.439 евра
USAID
Проект: “Зајакнати системи за интегритет на локално ниво”
Цел на проектот:
Да придонесе кон унапредување на доброто владеење на локално ниво со зајакнување на отпорноста на локалната власт на корупција и судир на интереси, а преку (1) воведување на системи на интегритет во пет општини; и (2) зголемување на граѓанската вклученост во борбата против корупцијата и судирот на интереси, особено на ранливите категории на граѓани, преку зголемување на обемот на пријавени случаи, а со овозможување на правна помош и информирање.Партнерски организации: ЕХО Штип, Станица ПЕТ Прилеп, Избор Струмица, КСПС Скопје, Мултикултура Тетово.
Локации: Општини Охрид, Прилеп, Дојран, Карпош, Желино
Очекувани резултати:ОТВОРЕНО ВЛАДИНО ПАРТНЕРСТВО