Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Користење на материјалите од вебсајтот

Во согласност со целите и мисијата на Фондациите Отворено општество, речиси сите материјали објавени на овој вебсајт се достапни за симнување и споделување, со исклучок на: (а) слики, и (б) материјали кои содржат изјава за авторски права на трета страна различна од ФООМ. Материјалите се отворени за користење под услов: (а) конкретните написи, делови, аудио или видео материјали да бидат репродуцирани во целост и во нивната оригинална форма, и да не се предмет на уредување или модификување на каков било начин; (б) сите копии да го наведат оригиналниот автор (доколку е познат) и ФООМ, и да вклучат линк до www.fosm.mk како оригинален извор на делото; и (в) копиите да се дистрибуираат само за некомерцијални цели и нивната дистрибуција да не се наплатува.

Освен во конкретно опишаните случаи од претходниот параграф, на корисниците не им е дозволено да ги копираат, репродуцираат, дистрибуираат, модификуваат, прикажуваат, преобјавуваат, пренесуваат или на друг начин да ја користат содржината на овој вебсајт без претходна пишана дозвола од Фондациите Отворено општество. Ве молиме да нѐ исконтактирате за добивање таква дозвола. Името „Фондација Отворено општество – Македонија“, логото и сите сродни знаци се заштитена сопственост на ФООМ и во ниеден случај не можат да бидат репродуцирани одделно од текстуалната содржина поврзана со нив на овој вебсајт. Сите трговски марки и услужни марки на вебсајтот што не ги поседува ФООМ се сопственост на нивните соодветни носители. Трговските имиња, трговските марки и услужните марки што ги поседува ФООМ, без оглед дали се регистрирани или нерегистрирани, не смеат да се користат во врска со кој било производ или услуга што не се наши.

***

Со решение број 10-2113/5-2016 ТМ/2011/1225 од 20.09.2016 година на Државниот завод за индустриска сопственост,  логото на Фондација Отворено општество – Македонија претставува заштитена трговска марка и забрането е користење на истата без дозвола на Фондацијата.