Г-а Санта Аргирова е дипломиран новинар на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во периодот од 1991 до 1996 година, таа беше уредник на рубриката за надворешна политика при МТВ. Подоцна, од март 1996 до март 1997 година, таа беше ангажирана како првиот секретар на Одделението за односи со соседните земји при Министерството за надворешни работи. Во 1997 година, таа стана уредник на рубриката за надворешна политика на телевизија „Телма“ и во 2001 година се јави како автор, продуцент и водител на политичкото ток-шоу „20/20“ кое се емитуваше на истата телевизија. Во периодот од 2002 до 2006 година, таа беше ангажирана како шеф на кабинетот на поранешната министерка за надворешни работи, Илинка Митрева. Во 2007 и 2008 година, таа работеше во Секретаријатот за надворешни работи. Од декември 2008 до октомври 2014, таа работеше како уредник на рубриката за надворешна политика на телевизија „Алфа“ каде што, во периодот од 2011 до 2013 година, го создаде и водеше политичкото ток-шоу „Пресинг“. Пред последните парламентарни избори кои се одржаа во 2016 година, таа беше главен уредник на информативната програма на МТВ. Таа се јавува како автор на книгите „Добро утро Јаков“ и „Портрет од Дрезден“. Зборува англиски, грчки, српски и хрватски јазик.
Г-а Наташа Г. Дамјановска беше судијка во Уставниот суд на Република Македонија од октомври 2008 до октомври 2017 година. Во периодот од април 1985 до октомври 2008 година, работеше во Институтот за социолошки и политичко правни истражувања во Скопје и во 2006 година се здоби со академското звање редовен професор. На овој институт таа предаваше предмети како политичко носење одлуки и граѓанско општество и дополнително предаваше вовед во политика, компаративни политички системи, избори и човекови права и глобализација и глобални политики на Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје. Своите докторски студии ги заврши на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања во Скопје во 1995 година. Течно зборува грчки и англиски јазик и има добро познавање на францускиот и италијанскиот јазик. Таа е автор на бројни училишни и научни трудови, стратешки документи, евалуациски извештаи, истражувачки студии и анализи и беше член на различни работни групи кои имаа за задача да го изготват Законот за избор на претставници во Собранието на Република Македонија од 2002 година и Законот за локални избори од 2004 година, кодификацијата на изборното законодавство од 2005 година и неговите амандмани од 2007 година, амандманите на Законот за граѓански здруженија и фондации од 2003 и 2008 година, Националната програма за државна антикорупциска комисија од 2007 година и Законот за спречување и заштита од сите форми на дискриминација од 2005 година. Од 1 декември 2018 година е директор на Академијата за судии и јавни обвинители на Република Северна Македонија.
Г-а Мерита Максути е дипломиран архитект при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, а магистрирала урбанизам на Школата за планирање и јавни политики „Едвард Џ. Блустајн“ при Универзитетот „Руџерс“ во Њу Џерси, САД, како поранешен учесник во програмата „Фулбрајт“. Таа е и сертифициран ревизор за енергетска ефикасност. Има работено за „Мерси кор“ како проектен координатор/проектен менаџер за реконструкција во пост-конфликтни зони. Има работно искуство со УНДП Македонија како проектен менаџер за мали инфраструктурни проекти преку можности за вработување, а подоцна како проектен менаџер/заменик проектен менаџер за инфраструктурни проекти на општинско ниво. Во периодот од 2012 до 2014 година беше директор на „Проџект хармони“ за земјава. Од 2009 година е асистент на Државниот универзитет во Тетово по предметите методи на дизајнирање и просторни стратегии, дизајнирање елементи и основи на дизајнирање и урбанизам. Од 2014 работи како архитект во дизајнерското биро „Архитектус 8“. Од февруари 2015 таа е ангажирана од страна на „Веве груп“ како програмски менаџер за инфраструктурни проекти. Таа е еден од основачите и активни членови на движењето „Еко герила“ - еколошко здружение од Тетово.
Г-а Симона Дуковска има дипломирано на отсек механичко инженерство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Зад себе има искуство од повеќе од 16 години со бренд стратегија, бренд позиционирање и бренд менаџмент; рекламирање и креативна стратегија, менаџмент на кампањи, ребрендирање/позиционирање; големо искуство со зголемување на свеста за бренд и производи на максимално ниво како и профитабилност на препознатливи брендови; медиумска стратегија, купување и преговори, спонзорство и настани, пазарно истражување. Работеше како шеф на одделот на маркетинг и комуникации во „ВИП оператор“ од 2009 до 2015 година. Беше и директор за маркетинг на телевизија „Телма“. Во моментов работи како раководител на Одделението за внатрешна комуникација во Нетцетера, Скопје. Зборува англиски, италијански и француски јазик.
Г-н Гордан Георгиев е активен во граѓанскиот сектор веќе 20 години. Георгиев беше извршен директор на Форум-ЦСИД, една од водечките тинк-тенк организации во Република Македонија и директор на Македонската школа за политика под покровителство на Советот на Европа и дел од Регионалната мрежа на 15 школи за политички студии во земјите од Источна Европа. Исто така беше ангажиран на проекти спроведени од Центарот за истражување во меѓународни односи (ЦЕРИ) во Париз и на проекти на Фондацијата „Чарлс Леополд Мејер“ во Конго-Бразавил и Конго-Киншаса. Тој е експерт во „Вестминстер фондација за демократија“ и бил ангажиран како независен консултант од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Неговата експертиза вклучува истражувања и проекти на терен поврзани со демократска стабилизација, помирување, меѓуетнички односи, реформи и консолидација на политички партии, прашања од областа на регионалната безбедност, реформи на парламентарните практики и децентрализација. Во периодот од 2009 до 2013 година беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и беше претседател на собраниската Комисија за култура. Има завршено додипломски и постдипломски студии во областа на политичките науки и меѓународни односи на Парискиот институт за политички науки (ИЕП) и е магистер по европски студии од „Кингс колеџ“ од Лондон. Во 2009 година ја заврши Програмата за извршно образование на Харвард а во 2016 година се стекна со докторат во областа на политичките науки работејќи на теории на општествениот систем и структури на моќ. Во моментов Георгиев е вонреден професор на Правниот факултет при Универзитетот ФОН во Скопје.
Тел: +389 2 2444 488 adrijana.lavchiska@fosm.mk