Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Фондацијата Отворено општество – Македонија заедно со своите партнери Здружението Центар за образовна поддршка Дендо вас и Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор објавува повик за ангажирање на околу 30 асистенти за поддршка на ромската заедница во: Скопје, Гостивар, Куманово, Прилеп, Делчево, Велес, Тетово, Неготино, Ресен, Штип, Битола, Кочани, Дебар и Кичево. Повикот се објавува во рамки на проектот РЕДОВНО НА ЧАСОВИ: Акција за вклучување на Ромите во основното образование кој е финансиран од Европската Унија. Проектот има за цел да обезбеди стипендии за вклучување што поголем број деца Роми во основното образование и да ги мотивира редовно да ја следат наставата и да се запишат во следните одделенија, како и да обезбеди поддршка на училиштата да ги трансформираат училниците во една поинклузивна средина за учење каде ќе се почитува различноста и каде сите деца ќе се чувствуваат добредојдени и подеднакво стимулирани да успеат. Времетраењето на проектот е до октомври 2022 година. Повеќе информации можете да најдете на следниот линк.

Работни задачи и обврски на асистентите за поддршка на ромската заедница

Проектот обезбедува поддршка на ромската заедница преку ангажирање на асистенти, кои одблизу ќе соработуваат со ромските семејства и училиштата при идентификувањето на децата кои се надвор од образовниот систем, нивно запишување во училиштата, редовно следење на наставата и успешен премин во следните одделенија, како и активно учество во едукативна кампања за придобивките од образованието. Поконкретно, асистентите:

Оптималната бројка со која ќе соработува асистентот изнесува 10 деца/семејства по асистент. Во периодот од февруари до септември 2020 се очекува дека асистентите ќе имаат активен ангажман од околу 50 дена (со пола работно време). Најголем интензитет на активностите ќе има за месеците февруари, март, мај, јуни и септември 2020 година. Склучениот договор ќе важи до 30 септември 2020, со можност за продолжување на ангажманот во втората и третата проектна година. Висината на хонорарот ќе зависи од бројот на деца /семејства.  Оттука, доколку асистентот соработува со 10 деца/семејства за извршената работа предвидено е да се исплати месечен хонорар во просек од 130 евра (бруто).

Пријавување на повикот

Можност за пријавување на повикот за асистенти имаат:

Потребни документи за пријавување:

Предност при селекцијата ќе биде дадена на:

Потребните документи за пријавување треба да се испратат електронски на dendo_vas@yahoo.com и redovnonacasovi@fosm.mk најдоцна до 26 јануари 2020 година.

                                    
            

—————————————————

15 јануари 2020