- Објавa број: RP/FOSM/FT/2253
- Финансирање: Фондација Отворено општество – Македонија во рамки на годишниот план за работа на Фондациите Отворено општество – Западен балкан, Проект „Сончеви училишта“
- Нарачател: Фондација Отворено општество – Македонија
- Корисници: СОУ Јане Сандански Штип, Република Северна Македонија
- ФООМ го задржува правото на определување на крајниот бројот на предвидените активности и количина /површина од кровниот покривач
ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА
- Опис на набавката:
Предмет на набавката е санација на дел од кровниот покривач на СОУ Јане Сандански Штип, Република Северна Македонија
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
- Подобност и правила на потекло
Понудувачи можат да бидат градежни фирми од Република Северна Македонија (во понатамошниот текст РСМ) и од странство кои целосно, квалитетно и навремено ги имаат исполнето евентуалните поранешни обврски кон Фондацијата Отворено општество – Македонија, и поседуваат Документ за за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка и најмалку важечка Лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија.
Важна напомена: Ако на правните лица им е одземена соодветната лиценца ќе бидат исклучени во текот на постапката.
- Основа за исклучување
- Број на понуди
Еден понудувач (носител) може да даде само една понуда. . Понудувачот е должен да ги понуди сите ставки на зададената целина. Во ниеден случај некомплетни понуди нема да бидат разгледувани.
- Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција)
Понудувачите НЕ ТРЕБА да достават Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција).
На успешниот понудувач ќе му биде побарано да обезбеди Гаранција за добро извршување на работите во вредност од 10% од вредноста на договорот изразена во МКД. Истата (со текст како што е даден во примерот) мора да биде доставена најдоцна 5 дена откако понудувачот ќе го прими потпишаниот договор од страна на Нарачателот. Ако понудувачот не го направи тоа во овој период тогаш договорот ќе биде поништен, а постапката ќе биде повторена со следниот најповолен понудувач.
Валидност на понудата
Понудите мора да останат валидни 90 дена по крајниот рок за поднесување на истите.
- Краен рок на извршување
Максимален рок од 40 дена по потпишувањето на договорот.
КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА И ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ
- Бодување и критериуми
- 60 % (од вкупните бодови) = Цена.
- 10 % (од вкупните бодови) = Референци на понудувачот во РСМ
- 5 % (од вкупните бодови) = Начин на плаќање
- 20 % (од вкупните бодови) = Рок на завршување на работите
- 5 % (од вкупните бодови) = Должина на гарантен рок
КОНКУРИРАЊЕ
- Како да ја набавите комплетната документација
Потребна документација: Тендерска документација и Проект на изведена состојба СОУ Јане Сандански Штип
Сите прашања во врска со тендерот треба да се испраќаат исклучиво по писмен пат по електронска пошта на: adrijana.lavchiska@fosm.mk (со наведување на бројот на објавата од Точка 1), најдоцна 4 работни дена пред истек на крајниот рок за поднесување понуди даден во Точка 16. Фондација Отворено општество – Македонија ќе одговори на прашањата на ист начин, најдоцна 2 работни дена пред истиот рок.
- Краен рок за поднесување на понудите
Заинтересираните понудувачи своите понуди (ЕДЕН ОРИГИНАЛ НА ХАРТИЈА) треба да ги достават во затворен и запечатен коверт со напомена „Понуда бр. RP/FOSM/FT/2253“, на рака или по курирска пошта на следнава адреса:
Фондација Отворено општество-Македонија, ул. Чедомир Миндеровиќ 31, Скопје
За понудите испратени по пошта како време на поднесување ќе се смета времето на пристигнување на пратката на адреса на ФООМ, а НЕ времето на предавање на пратката во пошта.
КРАЕН РОК ЗА ДОСТАВА НА ПОНУДИТЕ: НАЈДОЦНА ДО ЧЕТВРТОК, 09.11.2023 ГОД. ДО 15.00 ЧАСОТ.
Најдоцна до 31.10.2023 год., секој понудувач ќе треба да се регистрира дека има намера да нуди на тој начин што ќе испрати порака на adrijana.lavchiska@fosm.mk.
На адресата од која ќе биде испратена пораката понудувачот ќе ги добива сите прашања и одговори кои во текот на процесот на подготовка на понудите ќе бидат поставени.
- Понудите добиени по назначениот рок нема да бидат земени предвид.
- Избраната фирма пред потпишување на договорот но не подоцна од пет (5) календарски денови дена треба да ги достави следниве документи:
- изјава дека во последните 5 години на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години не му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност или единствен документ за докажување на способноста и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција – привремена забрана за вршење одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста.
Изјавата од алинеја 1 од точка 17 ја изготвува самиот економски оператор во електронска форма и ја потпишува со квалификуван сертификат за електронски потпис и истата не треба да биде заверена од надлежен орган.
Потврдите од точка 17 ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Ако земјата во која е регистрирана фирмата не ги издава овие документи или ако тие не ги опфаќаат сите горенаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
Документите од точка 17 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за поднесување на понудите наназад.
ЈАВНО ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ НЕМА ДА ИМА!
—————————————————
26 октомври 2023