Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Мисија

Фондацијата Отворено општество – Македонија е посветена на градењето динамични и толерантни општества, чиишто власти се отчетни и отворени за учество на сите граѓани. Нашата мисијата е внатрешна интеграција на општеството како предуслов за интеграција на Северна Македонија во Европската Унија.

Фокусирани сме на зајакнување на владеењето на правото, заштитата на човековите права, на градење отворено општество каде што граѓаните и граѓанските организации се свесни и активно ја контролираат и коригираат работата на власта. Помагаме во создавањето на јавни политики кои што обезбедуваат поголема праведност и ги штитат основните човекови права. Наш највисок приоритет е заштита и подобрување на животот на граѓаните, особено на припадниците на маргинализираните групи.

Вредности