Изразуваме длабоко жалење за смртта на Џорџ Флојд и на преголем број Афроамериканци кои се жртви на полициска бруталност токму од оние чијашто должност е да ги заштитат и да бидат во служба на нашите заедници, а не да ги убиваат нивните членови.
Надеж гледаме во луѓето низ целата земја кои се здружуваат во мирни протести за систем на правда којшто низ нашата историја не успеа да ги заштити обоените заедници. Ние сме против насилство од каков било вид и нема да дозволиме деструктивните дејства на неколкумина да нè одвратат од суштинската работа на здружување и создавање подобра иднина за сите нашите соседи.
Горди сме на поддршката што ја обезбедуваме на организации кои промовираат граѓанско учество и се поборници за правото на сите Американци да побараат од нивната влада да ги реши нивните поплаки. Оние кои протестираат заради смртта на г. Флојд и полициската бруталност ширум нацијата тоа го прават поради длабока и трајна грижа за земјата, а не за некаков надомест од овие фондации или од некој друг, како што тврдат некои циници. Ваквите изјави се лажни, навредливи и не се во духот на основата на нашата демократија вградена во Првиот амандман. Моќта на луѓето да бараат отчетност и да ја придвижат земјата поблиску до нејзините идеали опстанува.
—————————————————
4 јуни 2020