ЊУЈОРК—Патрик Гаспар ја објави одлуката за истапување од позицијата претседател до крајот на година. За време на неговата тригодишна работа, тој се спротивстави на значајните закани за отворените општества ширум светот, вклучително и на подемот на авторитарни режими и пандемијата со вирусот КОВИД-19. Под неговото исклучително лидерство, Фондациите Отворено општество станаа посилни од кога било претходно.
На позицијата претседател ќе го наследи Марк Малок-Браун, поранешен заменик генерален секретар на ОН и министер на Обединетото Кралство, кој сега е член на Глобалниот одбор на Фондациите. Малок-Браун ќе ја преземе функцијата на 1 јануари.
Оваа година, Гаспар го концептуализираше и го предводеше придонесот на ФОО во износ од 220 милиони долари во грантови за зајакнување на црните заедниците, и 200 милиони долари во глобални инвестиции, коишто вклучија и поддршка за клучните работници и другите заедници кои беа силно погодени од КОВИД-19.
„Од неговата работа како синдикален организатор и неговото политичко лидерство за време на администрацијата на Обама, до неговата улога како амбасадор на САД во Јужна Африка, Патрик беше предводник на сите права: без оглед дали тие се однесуваат на работиците, жените или запоставените групи“, рече Џорџ Сорос, основач и претседавач на ФОО. „Неговата посветеност на оние кои ја предизвикуваат власта е причината зошто го поканив Патрик да му се приклучи на Отвореното општество. Јас сум посебно воодушевен со начинот на кој тој ги водеше Фондациите во свет опколен со нелиберализам, и му аплаудирам на тоа.“
„Ми беше огромна чест да ја водам оваа организација“, рече Гаспар. „Темелна промена во општеството обично не се случува во некој револуционерен момент. Напротив, потребно е партнерство на активистите, владата, и непрофитниот сектор, кои соработуваат низ време и простор, преку единство и солидарност. Токму на тоа работев во рамките на Отвореното општество. Мојата заложба сега ќе биде повторно влегување во светот на политиката и идеите, каде што можам да продолжам со борбата против опресијата насекаде во светот.“
Во Отвореното општество, Гаспар донесе богато искуство од работа во и вон владата. Претходно, тој беше амбасадор на САД во Јужна Африка од 2013 до 2016 година, именуван од претседателот Барак Обама. Пред тоа, тој бил извршен директор на Демократскиот национален комитет од 2011 до 2013 година, асистент на претседателот и директор на Канцеларијата за политички прашања на Белата куќа од 2009 до 2011 година, и национален политички директор на изборната кампања на Обама во 2008 година. Исто така, Гаспар бил извршен заменик-претседател и политички директор на Меѓународниот синдикат на работници во услужниот сектор, еден од најголемите синдикати во САД.
Малок-Браун, кој ќе го наследи Гаспар на позицијата претседател, во Отвореното општество носи екстензивно искуство на меѓународно лидерство во владата, НВОи, филантропијата, и бизнисот. Тој бил заменик генерален секретар на ОН и шеф на кабинетот за време на мандатот на Кофи Анан. Претходно бил администратор на Развојната програма на ОН. Ги покривал Африка и Азија како државен министер во Форин офисот на Обединетото Кралство за време на мандатот на премиерот Гордон Браун. Другите функции што ги извршувал ја вклучуваат и позицијата заменик-претседател на Светска банка. Кариерата ја почнал како новинар во весникот The Economist.
„Марк го познавам и со него тесно соработувам повеќе од три децении, од поддршка за опозиција на режимот на Пиноче во Чиле и обезбедување хуманитарна помош за луѓето во Сараево и Босна, до заедничкото воспоставување на Меѓународната кризна група“, изјави Сорос. „Марк е темелно запознаен со работата на Отвореното општество и ја споделува мојата визија за политичка филантропија која се фокусира на и се подготвува за иднината.“
„Ми претставува особена чест и благодарен сум на довербата што ми ја дава Џорџ, и посветено ќе работам со него за да се осигуриме дека ќе останеме верни на неговата оригинална визија и вредностите на Фондациите“, изјави Малок-Браун. „Чест е да се наследи работата на Патрик Гаспар и да се надградува она што тој го започна.“
„Да се води оваа исклучителна организација и да се работи со толку многу талентирани луѓе кои ги посветиле своите животи на социјалната правда е инспиративно. Однапред се радувам на силното партнерство со нашиот одбор, посебно со заменик-претседавачот Александар Сорос, како што ќе продолжиме со нашата работа на преобразба на Фондациите за соочување со новите закани за демократијата.“
4 декември, 2020 година
—————————————————
9 декември 2020