Со транспарентност и отчетност на институциите ќе се обезбедат суштински промени и креирање отворено општество
Фондацијата Отворено општество – Македонија, Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис и Министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност во Владата на Република Северна Македонија, Роберт Поповски, потпишаа Меморандум за соработка со кој се обезбедува поддршка за креирање и имплементација на Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија.
Меморандумот за соработка предвидува поддршка за изработка на експертска анализа на состојбите како и формирање работна група од институциите и граѓанското општество со цел да се креира што посеопфатна Стратегија за транспарентност на Владата, во која се вклучени сите релевантни страни. Стратегијата понатаму, преку јавни дискусии ќе биде споделена за консултација и со граѓанското општество, приватниот сектор и научно-образовните институции.
Со креирањето на овој стратешки документ, правилата на комуникација на институциите со граѓаните и начелата на транспарентност ќе бидат операционализирани.
—————————————————
12 јуни 2019