Фондацијата Отворено општество – Македонија објавува повик за доставување понуди за изработка на промотивна медиумска кампања за подобро разбирањето на граѓаните за реформите поврзани со пристапувањето кон ЕУ. Деталните информации во врска со точните барања се наоѓаат подолу во документот и истите ќе претставуваат упатство за изработката на понудата.
Сите дополнителни прашања во функција на појаснување на барањето за понуда, заинтересираните може да ги испратат најдоцна до 11.12.2019 до 12:00 часот на следниве електронски адреси: dance.danilovska@fosm.mk, kire.milovski@fosm.mk, ana.andreeva@fosm.mk и vanco.dzambaski@fosm.mk.
Официјалната понуда со вклучени задолжителни документи треба да е доставена најдоцна до 20.12.2017, до 12:00 часот, во затворен и запечатен коверт на кој пишува „ПОНУДА ЗА МЕДИУМСКА КАМПАЊА. НЕ ОТВОРАЈ!”, на рака или по курирска служба на следнава адреса:
Фондација Отворено општество – Македонија
Бул. Јане Сандански бр. 111, 3-ти спрат
1000 Скопје, Р. Македонија
Сите понуди кои ќе стигнат по истекот на зададениот рок, нема да се земат предвид и нема да се разгледуваат.
Сите понуди ќе се разгледуваат и оценуваат врз основа на потполноста на информациите кои се побаруваат и врз основа на критериумите за евалуација објаснети во описот на барањето за понуда.
Сите предлози и понудата треба да се на македонски јазик.
Понудата треба да има валидност од минимум 120 дена.
***
ОПИС НА ПОВИКОТ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
Краток опис на повикот | Изработка и имплементација на интегрирана промотивна медиумска кампања која ќе го подобри разбирањето на граѓаните за реформите поврзани со пристапувањето во ЕУ. Промотивната кампања вклучува изработка и имплементација на комуникациска стратегија со вклучена понуда за медиумски закуп базирана на комуникациската стратегија. |
Задолжителни документи | 1. Компаниско претставување со посебен осврт на изработени кампањи за општествена одговорност 2. Начелна комуникациска стратегија со предлог лого и слоган 3. Предлог буџет изразен во денари со вклучен ДДВ. |
Дополнителни прашања и појаснувања | Најдоцна до 11.12.2019 во 12:00 |
Рок за достава на задолжителни документи | 20.12.2017 до 12:00 |
Критериуми за евалуација | Комуникациска стратегија, лого и слоган – 60% Финансиска понуда – 30% Компаниска експертиза / искуство – 10% |
Валидност на понудата | Минимум 120 дена |
—————————————————
6 декември 2019