Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) во рамки на приоритетната област Студентски права и ангажираност распишува повик за доделување грантови за заеднички акции на здруженија и фондации кои ќе овозможат анализа, мониторинг и застапување врзано за процесите на креирање и/или реализација на студентски и младински политики како и на институциите и телата кои се надлежни за нивно спроведување. Целта на повикот е да го зајакне статусот на младите и студентите преку нивна ангажираност за подобрени студентски и младински политики и квалитетот на сервиси што тие ги добиваат.

ПРАВО НА УЧЕСТВО И БУЏЕТ

Вкупниот фонд на средства  предвиден за повикот изнесува 30.000 УСД,  а во зависност од предложените предлог-буџети идеално се очекува да се поддржат две мрежи по 15.000 УСД.

Право на учество на повикот имаат формални или неформални мрежи на здруженија и фондации коишто во својата програма имаат предвидено активности за млади и во коишто членството и активностите се  примарно наменети за млади, и тоа:

• Формални мрежи на здруженија и фондации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации од Централниот регистар на РМ.
• Неформални мрежи на здруженија и фондации кои имаат за цел да спроведат заедничка акција. Подносител на пријавата кај неформалните мрежи треба да биде едно здружение или една фондација кое ја пополнува пријавата.

Пожелно е во мрежата да има минимум 3 здруженија и/или фондации кои заеднички ќе работат на проектот.

КАКО ДА СЕ УЧЕСТВУВА НА ПОВИКОТ

Потребни документи за аплицирање на повикот:

1. Електронска ПРИЈАВА за повикот достапна на: https://forms.gle/KdoQTJLBCV9uEEco9
2. Дополнителни задолжителни прилози:
2.1 Тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија, не постара од една година од апликантот/подносителот на пријавата. Во случај апликантот да е неформална мрежа, тековна состојба од Централен регистер поднесуваат и подносителот на пријавата и сите членки;
2.2 Работни биографии на персоналот вклучен во проектот;
2.3 Годишен извештај за работа и финансиски извештај, за 2018 година за подносителот на пријавата;
2.4 Документ за регистрација согласно Законот за здруженија и фондации од Централниот регистар на РМ за формалните мрежи. За неформалните мрежи на здруженија и фондации треба да се достави интерен документ за основање на мрежата (на пример Меморандум за основање на партнерството или коалицијата за конкретната акција) и документ за регистрација согласно Законот за здруженија и фондации од Централниот регистар на РМ за подносителот на пријавата;
2.5 Основни информации за партнерските организации ПРИЛОГ 2, достапен на следниот линк: https://forms.gle/V7YSgnEGdxP6zM197 
2.6 УСБ со електронската верзија на сите документи.

Предлог-проектите задолжително треба да содржат:

• Точно утврдено прашање и/или институција/тело кое ќе биде предмет на анализата/мониторингот, а произлегува од и/или е поврзано/а со Национална стратегија за млади, Акциски план за млади, Закон за млади, Стратегија Едно општество за сите/Кластер млади, Локални младински политики/стратегии, Закон за средношколско организирање, Закон за високо образование (делот за студентско организирање), Закон за студентски стандард итн.;
• Разработена методологија за реализација на мониторингот и/или истражувачки активности;
• Изработка на анализа/извештај во која се претставени клучните наоди од спроведените мониторинг и/или истражувачки активности;
• Промотивен настан (kick-off) за почеток на проектот;
• Изработка на план за застапување и план за промоција на резултатите.

Проектите треба да се реализираат во времетраење не подолго од 6 (шест) месеци со почеток од 01.10.2019г. и завршување најдоцна до 31 март 2020г.

За целосно поднесена пријава ќе се смета онаа која вклучува целосно пополнета електронска пријава, пополнет електронски ПРИЛОГ 2, како и ФОРМУЛАР ЗА ДЕТАЛЕН БУЏЕТ достапен за симнување тука и сите дополнителни прилози наведени од 2.1 до 2.6. При пополнување на ФОРМУЛАРОТ ЗА ДЕТАЛЕН БУЏЕТ потребно е да се води сметка за правилата дадени во Упатството за буџетирање  кој е составен дел од документот.

Комплетираните пријави и ПРИЛОГ 2 мора да бидат поднесени по електронски пат на македонски јазик. ФОРМУЛАРОТ ЗА ДЕТАЛЕН БУЏЕТ и сите дополнителни задолжителни документи треба да се испечатат во еден примерок и истите да бидат снимени на УСБ-меморија и заедно со пропратно писмо (оверено со печат и потпис од подносителот) во кое ќе бидат таксативно наведени сите документи,  да се испратат по пошта на следнава адреса:

Фондација Отворено општество – Македонија,
Бул. „Јане Сандански“ бр.111, п.фах 378, 1000 Скопје
со назнака „За конкурсот за младински и студентски политики“  

Печатената и електронската верзија на документите треба да бидат идентични.

КРАЈНИОТ РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ПРИЈАВА, ПРИЛОГ 2, ФОРМУЛАР ЗА ДЕТАЛЕН БУЏЕТ И СИТЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ Е 26.08.2019 година до 24.00 часот.

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР 

Сите комплетни пријави пополнети електронски и сите дополнителни материјали доставени по пошта до крајниот рок за пријавување ќе бидат презентирани пред комисијата за избор составена од Управниот одбор на ФООМ. Изборот ќе биде направен врз основа на следните критериуми:

1. Технички пристап (max. 60 поени)
– Релевантност на потребите и прашањата што се опфатени во однос на повикот, квалитет на предложената методологија за мониторинг, активности ориентирани кон резултати и план за претставување на резултатите пред јавноста;2. Функционалност на мрежата и претходно искуство (max. 20  поени)
– Поставеност и улога на организациите коишто се дел од мрежата и нивно релевантно искуство и резултати во слични области на вклучените организации, административни, финансиски и менаџерски капацитети на организацијата-носител на проектот;
3. Предлог-буџет (max.20 поени)
– Рационалност на буџетот, јасна поврзаност на буџетските ставки со активностите.Во текот на процесот на оценување, ФООМ може да побара дополнителни информации од подносителот на пријавата за предлог-проектот коишто смета дека се потребни за завршување на оценувањето. Барањето дополнителни информации не подразбира дека истите ќе бидат или нема да бидат поддржани.

ФООМ исто така го задржува правото да не додели средства доколку процени дека проектите не ги исполнуваат очекуваните стандарди.

Евентуални прашања во врска со повикот можат да бидат поставени исклучиво по писмен пат на e-mail кај Наташа Анѓелеска, Постара програмска координаторка, на  natasa.angjeleska@fosm.mk или Сузана Пецаковска, Постара програмска координаторка, на suzana.pecakovska@fosm.mk , најдоцна до 20.08.2019г.
                        
                
Погледнете:
Резултати од конкурсот

—————————————————

19 август 2019