Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

На седницата на Управниот одбор на ФООМ одржана на 26.09.2019 г. беа разгледани пристигнатите предлог иницијативи од Повикот за заеднички акции за анализа, мониторинг и застапување врзани за креирање и/или реализација на студенстки и младински политики, при што се донесе одлука да се поддржат со донација следните проекти:

– Проектот Спречување одлив на мозоци е иницијатива на неформална Мрежа за спречување на одлив на мозоци, а подносител е Здружението Лидери за едукација, активизам и развој, а во мрежата членуваат: 1) Центар за младински активизам ЦМА КРИК, Скопје; 2) Здружение за дисклексија АЈНШТАЈН, Скопје; 3) Центар за мултидисциплинарен развој ЦМР Процес Скопје; 4) Здружение Младински сојуз Крушево; 5) Асоцијација за едукација Младиинфо Интернационал, Скопје; и 6) Здружение на граѓани Младите можат, Скопје. Проектот ќе се поддржи со донација во висина до 14.951 УСД.
Главен проблем на кој ќе работи мрежата е иселувањето на млади и  високо образовани кадри од С. Македонија и несправувањето на државата со истиот. Фокус на мониторнингот ќе биде „Националната Стратегија за вмрежување и соработка со високо образовани и стручни кадри 2013 – 2020“ на Министерство за образование и наука. Главна цел на мрежата, а воедно и на проектот е креирање поддржувачка средина за самореализација на младите од Северна Македонија и задржување на нивниот потенцијал во земјата.
– Проектот Студентско (ре)формирање е поднесено од Националниот Младински Совет на Македонија, а во иницијативата на мрежата членуваат: 1) Фондација за развој на локалната заедница, Штип; 2) Здружение за граѓански активизам ФОРУМ 16, Битола; 3) Младински културен центар, Битола; 4) Здружение за одржлив развој СФЕРА ИНТЕРНАШНАЛ, Битола; и 5) Центар за едукација и развој ЦЕД, Теарце. Проектот ќе се поддржи во висина до 14.982 УСД.
Овој проект е предвидено да го адресира прашањето на студентско организирање и ќе го следи процесот на воспоставување на новиот модел на студентско организирање во три државни универзитети: УГД – Штип, УКЛО – Битола и ДУТ – Тетово. Со проектот ќе се поттикне активно учество на студентите во овие процеси, преку нивно поголемо информирање и мотивирање за вклучување во процесите на донесување на одлуки и застапување на студентите пред универзитетските органи.

—————————————————

15 октомври 2019