Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

1 Објавa број: FOSM/EDU/191010

2 Финансирање: Фондација Отворено општество-Македонија

3 Нарачател: Фондација Oтворено општество – Македонија (ФООМ) за потребите на проектот/концептот  Образование на помалите етнички заедници

4 Корисници: Десет училишта, партнери во проектот

ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА

5 Опис на набавката:

Предмет на ова барање е набавка и испорака од страна на понудувачот на нагледни средства, дидактички материјали и опрема, согласно листата дадена во прилог на ова барање дадена во три целини.

6 Име на целината (комплетната документација се добива согласно Точка 15.)

 

Целина 1: Нагледни средства и дидактички материјали
Целина 2: Реквизити за спортски активности
Целина 3: Музички инструментиУСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО 7 Подобност и правила на потекло Понудувачи можат да бидат трговски фирми од Република Северна Македонија и од странство кои целосно, квалитетно и навремено ги имаат исполнето евентуалните поранешни обврски кон ФООМ.8 Основа за исклучување

Понудувачите мора да обезбедат изјава (дел од тендерската изјава) дека не се во ситуација наведена во првиот дел на Точка 7.

Број на понуди

Еден понудувач може да даде понуда за една или повеќе целини. Секоја целина е предмет на еден договор. Во случај да ниту еден од понудувачите ги нема понудено сите наслови од целината ФООМ го задржува правото сепак да ја изврши набавката избирајќи најповолен понудувач согласно бодувањето во точка 14 подолу.

9 Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција)

Понудувачите НЕ ТРЕБА да достават Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција).

10 Гаранции

На успешниот понудувач ќе му биде побарано да обезбеди Гаранција за добро извршување на работите во вредност од 10% од вредноста на договорот изразена во МКД. Истата (со текст како што е даден во примерот) мора да биде доставена најдоцна 7 работни дена откако понудувачот ќе го прими потпишаниот договор од страна на Нарачателот. Ако понудувачот не го направи тоа во овој период тогаш договорот ќе биде поништен, а постапката ќе биде повторена со следниот најповолен понудувач. Оваа гаранција нема да се бара од оние понудувачи кои ќе бараат плаќање по целосно извршени работи и извршен технички прием, а набавката од нив не надминува вредност од 600000 денари.

11 Валидност на понудата

Понудите мора да останат валидни 90 дена по крајниот рок за поднесување на истите.

12 Краен рок на извршување 

Не поголем од 60 дена по нарачка дадена по писмен пат.

КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА И ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ

13 Бодување и критериуми

60 % (од вкупните бодови) =  Цена.

15 % (од вкупните бодови) =  Комплетност на понудата. Понудата е комплетна ако ги содржи сите барани позиции. Понудите за Целина 1 во кои не се понудени повеќе од ПЕТ позици нема да бидат разгледувани. Понудите за Целина 2 и 3 ќе се разгледуваат само ако се комплетни.

10 % (од вкупните бодови) =  Квалитет на изработка и издржливост (трајност).

8 % (од вкупните бодови) =  Начин на плаќање и рок на испорака.

7 % (од вкупните бодови) =  Референци на понудувачот и евентуално поседување на ISO сертификат за соодветната дејност

КОНКУРИРАЊЕ

14 Како да ја набавите комплетната документација 

Комплетната документација може да се превземе преку Интернет од www.fosm.mk 

Сите прашања во врска со тендерот треба да се испраќаат исклучиво по писмен пат на адреса на ФООМ, по електронска пошта на: vanco.dzambaski@fosm.mk (со наведување на бројот на објавата од Точка 1), најдоцна 4 дена пред истек на крајниот рок за поднесување понуди даден во Точка 15. ФООМ ќе одговори на прашањата на ист начин, најдоцна 2 денa пред истиот рок.

15 Краен рок за поднесување на понудите 

Заинтересираните понудувачи своите понуди (ЕДЕН ОРИГИНАЛ НА ХАРТИЈА) треба да ги достават во затворен и запечатен коверт со напомена “Понуда бр. FOSM/EDU/191010“, на рака или по курирска пошта на следнава адреса:

ФООМ, “Јане Сандански” 111, 3-ти спрат, 1000 Скопје, Република Северна Македонија

За понудите испратени по пошта како време на поднесување ќе се смета времето на пристигнување на пратката на адреса на ФИООМ, а НЕ времето на предавање на пратката во пошта.

Краен датум за достава на понудите: четврток, 30.10.2019 год., најдоцна до 15.00 часот. Понудите добиени по назначениот рок нема да бидат земени предвид.

16 Јавно отвoрање на понудите 

Јавно отварање на понудите нема да има!

                        
Дополнителни документи :
Комплетна документација за набавка за 10 училишта
АНЕКС III План за испорака по корисник

—————————————————

16 октомври 2019