Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) објавува конкурс за доделување грантови на локалните граѓански актери во Прилеп, Тетово, Струга, Струмица, Скопје, Куманово и Штип. Проектите треба да предизвикаат позитивни промени во ставовите и однесувањето на членовите на заедниците, како и подобрување на политиките и практиките, локалната демократија и општествената кохезија.
Со овој конкурс ќе бидат доделени три вида грантови, и тоа за:
- Поддршка на иницијативи за зголемен ангажман на заедницата
Овој вид грантови е наменет за проекти кои ќе придонесат кон зголемен ангажман на заедниците за решавање актуелни прашања и предизвици во заедниците кои се резултат на ниското ниво на општествената кохезија. Носител на проектот може да биде граѓанска организација или неформална група од наведените региони. Вкупниот фонд за поддршка во 2018 година е 80.000 американски долари, а максималниот износ на грант за еден проект е 6.000 американски долари.2. Поддршка на иницијативи за зголемување на солидарноста при адресирање прашања од заеднички интерес
Овој вид грантови е наменет за проекти преку кои ќе се креираат можности за размена на знаења помеѓу локалните граѓански актери, промовирање добри практики на градење доверба и зголемување на солидарноста при адресирање на прашања од заеднички интерес од два различни региони. Проектите може да предвидуваат покренување заеднички иницијативи со кои ќе се придонесе за надминување на интер и интраетничката поларизација и ќе се промовира општествената кохезија. Проектите треба да бидат спроведени во партнерства помеѓу граѓански организации и неформални групи од најмалку два од наведените региони. Вкупниот фонд за поддршка во 2018 година е 49.000 американски долари, а максималниот износ на грант за еден проект е 10.000 американски долари.
3. Поддршка за креирање содржини во локални медиуми
Овој вид грантови е наменет за проекти кои ќе овозможат збогатување на програмската продукција со содржини кои го промовираат јавниот интерес, зголеменото учество на граѓаните при донесувањето одлуки и креирањето политики и унапредувањето на општествената кохезија во наведените региони. Носител на проектот може да биде локален/регионален медиум. Вкупниот фонд за поддршка во 2018 година е 28.000 американски долари, а максималниот износ на грант за еден проект е 7.000 американски долари.
Предност при изборот ќе имаат иновативни и креативни проекти кои ги промовираат вредностите на отвореното општество, покажуваат посветеност кон активно вклучување на граѓаните и имаат потенцијал за постигнување видливо влијание. Проектите треба да промовираат интегративен пристап со фокус на заедниците, родот и лицата со посебни потреби.Материјалите за пријавување се достапни тука:
Пријава за граѓанска организација и медиуми
Пријава за мрежи од организации
Пријава за неформални групиПријавите, заедно со дополнителните документи, треба да се поднесат електронски, и тоа и во word и во pdf формат, на следнава адреса: solunka.zoksimovska@fosm.mk со наслов на пораката кој содржи Име на организација/неформална група – наслов на проект/иницијатива. Доколку имате прашања, поставете ги на solunka.zoksimovska@fosm.mk и adrijana.lavchiska@fosm.mk најдоцна пет дена пред истекот на крајниот рок за поднесување пријави.
Рокот за поднесување пријави е 10 април 2018 година до 16.00 часот (одлуките се очекуваат на почеток на месец мај 2018).
Пријавите пристигнати по предвидените рокови нема да бидат разгледувани. При селекцијата на пријавите ќе се внимава да бидат застапени различни организации и иницијативи. ФООМ го задржува правото да не додели средства доколку процени дека предлог проектите не ги исполнуваат очекуваните стандарди.
—————————————————
10 април 2018