Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Објавa број: EUD/FOKI/EDU/2091

Финансирање: Проект „Редовно на часови: акција за вклучување на Ромите во основното образование“ финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија

Нарачател: Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“

Корисници на опремата: 20 училишта од Република Северна Македонија

ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА

Предмет на набавката е испорака, инсталација, одржување во и вон гарантен рок и сервис обезбеден од страна на понудувачот на компјутерска опрема, училишни нагледни средства, прибор, мебел, реквизити и интерактивни табли дадени во шест целини.

Целина 1: Преносна компјутерска опрема

Целина 2: Нагледни средства

Целина 3: Училишен прибор

Целина 4: Училишен мебел

Целина 5: Училишни реквизити

Целина 6: Интерактивни табли

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Понудувачи можат да бидат трговски фирми од Република Северна Македонија (во понатамошниот текст РСМ) и од странство кои целосно, квалитетно и навремено ги имаат исполнето евентуалните поранешни обврски кон Фондацијата „Чекор по чекор“ и Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Земјите кои согласно правилата на донаторот на средствата имаат предност како земји на потекло се: Земјите членки на ЕУ, Велика Британија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Црна Гора, Турција и Република Северна Македонија.

За Целините 2, 3, 4 и 5 ќе се прифаќаат ИСКЛУЧИВО производи на фирми со седиште и место на производство исклучиво во наведените земји. Седиштето на производителот ќе се докажува со официјална писмена изјава, а земја на производство со сертификат добиен при увоз кој е прифатен како валиден и во процесот на царинење во РС Македонија (Еур 1, фактура со наведени земји на потекло и сл.); за производи произведени во МК (за Целина 4 и 5) со изјава од производителот.

Одвоена изјава не е потребна, туку се пополнува во самиот Образец за понуда, во делот Изјава согласно барањата на тендерот.

Еден понудувач може да даде само целосна понуда за целината. Секоја целина е предмет на еден договор и спецификацијата дадена во неа е неделива. Понудувачот е должен да ги понуди сите ставки на зададената целина. Во ниеден случај некомплетни понуди за поедина целинa нема да бидат разгледувани.

Понудувачите НЕ ТРЕБА да достават Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција).

На успешниот понудувач ќе му биде побарано да обезбеди Гаранција за добро извршување на работите во вредност од 10% од вредноста на договорот изразена во МКД. Истата (со текст како што е даден во примерот) мора да биде доставена најдоцна 10 дена откако понудувачот ќе го прими потпишаниот договор од страна на Нарачателот. Ако понудувачот не го направи тоа во овој период тогаш договорот ќе биде поништен, а постапката ќе биде повторена со следниот најповолен понудувач. Оваа гаранција нема да се бара од оние понудувачи кои ќе бараат плаќање по целосно извршени работи и извршен технички прием.

Понудите мора да останат валидни 90 дена по крајниот рок за поднесување на истите.

40 дена по потпишувањето на договорот. 

КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА И ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ

 За Целина 1 и 6

 За Целина 2, 3, 4 и 5

КОНКУРИРАЊЕ

Комплетната документација ќе ја добиете со симнување од https://www.stepbystep.org.mk/mk/

Сите прашања во врска со тендерот треба да се испраќаат исклучиво по писмен пат на адреса на Фондација „Чекор по чекор“, а по електронска пошта на: ivana@stepbystep.org.mk (со наведување на бројот на објавата од Точка 1), најдоцна 3 работни дена пред истек на крајниот рок за поднесување понуди даден во Точка 16. Фондација „Чекор по чекор“ ќе одговори на прашањата на ист начин, најдоцна 2 работни дена пред истиот рок.

Заинтересираните понудувачи своите понуди (ЕДЕН ОРИГИНАЛ НА ХАРТИЈА) треба да ги достават во затворен и запечатен коверт со напомена „Понуда бр. EUD/FOKI/EDU/2091, на рака или по курирска пошта на следнава адреса:

 Фондација „Чекор по чекор“, бул. „Партизански одреди 72а (мезанин), 1000 Скопје, РСМ

За понудите испратени по пошта како време на поднесување ќе се смета времето на пристигнување на пратката на адреса на Фондација „Чекор по чекор“, а НЕ времето на предавање на пратката во пошта.

Краен датум за достава на понудите: најдоцна до четврток, 10.12.2020 год. до 16.00 часот.

Јавно отворање на понудите нема да има!

Целосниот текст на повикот како и анексот за набавката можете да ги најдете во дополнителните документи подолу.

                        
Дополнителни документи :
Јавен повик за набавка EUD/FOKI/EDU/2091
Анекс за набавка EUD/FOKI/EDU/2091

—————————————————

26 ноември 2020