Говорници:
Фондацијата Отворено општество – Македонија заедно со партнерските организации Станица ПЕТ и ХОПС организира Завршна конференција на проектот “Пристап до правда за најмаргинализираните”.
Конференцијата ќе се одржи на 30 септември 2021 година (четврток) во Хотел Александар Палас, со почеток од 10:00 часот. Настанот ќе биде пренесуван и виртуелно на следниов ZOOM линк: https://zoom.us/j/91503314900?pwd=ajF5SUp1ZE8yNXFUSDUrbW1mRFlPQT09#success
На конференцијата ќе бидат презентирани резултатите и наодите од имплементацијата на проектот, како и наодите од Извештајот за имплементација на Законот за бесплатна правна помош, Анализата за имплементацијата на ЦОР 16.3 во националното законодавство и Извештајот за прекршени човекови права на маргинализираните заедници преку студии на случај.
Говорници на настанот:
- Г-н Фрик Јанмат, раководител на одделението за економски развој, владеење на правото и јавна администрација при Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија
- Г-н Бојан Маричиќ, министер за правда на Република Северна Македонија
- Г-а Фани Каранфилова–Пановска, извршна директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија