14 октомври 2022 година, 12.00 – 14.00 часот
Скопје, х. Александар Палас, сала 3
Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со Здружението Центар на образовна поддршка ,,Дендо Вас” и Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор” на 14 октомври 2022 (петок), со почеток во 12 часот, во сала 3 во хотелот Александар Палас во Скопје организираат завршен настан на проектот Редовно на часови: акција за вклучување на Ромите во основното образование.
Целта на настанот е да се одбележи тригодишниот проект и резултатите кои се постигнати во него преку претставување на кратки видеа, брошура и обраќање на дел од корисниците и соработниците кои учествуваа во проектот.
На настанот ќе се обратат министерот за образование и наука Јетон Шаќири, претставник од Делегацијата на Европската Унија, извршната директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија Фани Каранфилова-Пановска, директорот на основното училиште „Браќа Рамиз-Хамид“ Алвин Салимовски и асистентот за поддршка на заедницата во Битола Рамадан Рустемов.
Настанот ќе биде отворен и проследен со настап на група ученици од основното училиште „Браќа Рамиз-Хамид“ и бендот Roma Rock School.
Говорници: