Фондацијата Отворено општество-Македонија и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ имаат чест да Ве поканат на традиционалниот настан Speech4Teach, што се организира во рамки на проектот „Образование на помалку бројните етнички заедници“.
Оваа година настанот се одржува онлајн на тема за менталното здравје со цел да се акцентира потребата од превенцијата уште од најмала возраст и важноста на вклучување на сите чинители (државни институции, училишна управа, наставниците, стручната служба и родителите) преку што ќе се овозможи создавање безбедни средини за учениците и достапни програми за развивање на социо-емоционалните вештини, но и навремена и достапна поддршка за сите на коишто им е потребна.
На настанот ќе се сподели првото, од планираните три едукативни видеа, „ГОВОРИМЕ ЗА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ“, во кое експерти и практичари даваат свои видувања за потребата од менталното здравје и неговата важност за хуманиот, физичкиот и социјалниот капитал во заедницата. Како говорници се јавуваат: Проф. Д-р Димитар Боневски, Прим. Д-р Мери Бошковскa, Проф. Д-р Александра Каровска, Проф. Д-р Огнен Спасовски, психолог Ана Попризова и психотерпевт Радмила Живановиќ. По проекција на видеото ќе постои можност за поставување прашања до говорниците и ќе следи кратка дискусија.
За директно вклучување, Ве молиме користете го линкот:
https://us02web.zoom.us/j/89880081393 Meeting ID: 898 8008 1393
Настанот ќе биде пренесуван и на FB страната на Фондацијата „Чекор по чекор“
Говорници: