Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Finance Think – Институт за економски истражувања и политики, Скопје, организира панел дискусија на тема „Ранливите работници по корона-тобоган” чија цел е да се извлечат заклучоци за социоекономското влијание на Ковид-19 врз пет категории ранливи работници (нископлатени, неформални, домашни платени, неплатени семејни работници и работници на нетипични договори за вработување), но и да се даде визионерски поглед за зајакнување на отпорноста на пазарот на труд за брз и навремен одговор на идни шокови.

Настанот ќе се одржи на 10.06.2021 година со почеток во 11:00 часот со физичко присуство во хотел Лимак Скопје, во согласност со протоколите за заштита од Ковид-19, а и ќе се пренесува во живо на Facebook страницата на Finance Think.

На настанот, ќе бидат изложени резултатите и наодите содржани во студијата „Ефектот од Ковид-19 врз прекаријатните работници во Северна Македонија: Следење на нископлатените работници, неплатените семејни работници, платените домашни работници, работниците со нетипични договори за работа и неформалните работници“ поддржана од Фондација Отворено Општество – Македонија. На панел дискусијата се очекува да се испратат неколку клучни пораки поврзани со социо-економското влијание на Ковид-19 врз ранливите работници.

Говорници на настанот се Фани Каранфилова-Пановска, Извршна директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, Деспина Тумановска, Finance Think, Дарко Димовски, Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, Ангел Димитров, Претседател на организацијата на работодавачи во Македонија, Даниела Зампини, Специјалист за вработување, Меѓународна организација на трудот.