На 04 и 05 ноември 2019 ќе се одржи работилница на тема „До ”заробена држава” во Северна Македонија – полиција, судство и јавно обвинителство“, настан кој е дел од проектот кој цели да ги идентификува начините низ кои се остварува политичката контрола врз институциите (судството, обвинителството, полицијата) или пак начините на кои се злоупотребуваат системските слабости на владеењето на правото. Идентификацијата се начините на контрола или пак злоупотреба, врши преку различни студии на случај и детално спроведување на законодавството.
На работилницата ќе бидат презентирани работните верзии на истражувањата кои ги подготвија партнерите на проектот: БИРН, Хелсиншки Kомитет за човекови, Коалиција „Сите за правично судење“ и Институт за човекови права. Воедно, на работилницата ќе се презентираат прелиминарните наоди и препораки од анализите и сториите и ќе се утврдат стратегии за застапување кои би се користеле за да се презентираат наодите од публикацијата до граѓаните и меѓународната заедница.
На настанот, покрај партнерските организации, ќе присуствуваат и претставници од Оpen Society Foundation во Брисел, Срџан Звијич и Памела Авенти oд Open Society European Policy Institute.