Мрежата за заштита од дискриминација организира промоција на „Извештајот од истражувањето на влијанието што мерките за справување со ковид-19 го имаат врз човековите права на маргинализираните заедници“ со почеток од 10.00 часот на платформата Zoom, каде можете да се приклучите преку следниот линк: https://us02web.zoom.us/j/87535866167
Настанот има за цел да ги презентира клучните наоди од ова истражување и да отвори дискусија за влијанието што пандемијата и донесените мерки за справување со нејзе го имаат врз правата на маргинализираните заедници. Здруженијата од Мрежата за заштита од дискриминација во текот на пандемијата активно работеа со маргинализираните заедници за кои се застапуваат, ги мапираа потребите, предизвиците и ефектите и предлагаа решенија за олеснување на ефектите од пандемијата врз нив.
Обврските на државата кон маргинализираните заедници за време на пандемија, од една страна, се да го заштитат здравјето и на овие заедници за време на пандемијата. Од друга страна, државата има обврска да донесе мерки кои ќе превенираат осиромашување и дополнителна маргинализација на ранливите заедници поради кризата, преку непропорционален ефект на ограничувањата на правата кон овие групи за разлика од општата популација.
Врз основа на истражувањето се добиваат релевантни заклучоци и препораки за поуспешна заштита на правата и пресретнување на потребите на маргинализираните заедници во услови на криза, но и надвор од неа.
Резултатите и препораките од истражувањето ќе бидат јавно презентирани на овој настан и ќе служат за застапување засновано врз докази, за унапредување на гарантирањето и заштитата на човековите права на маргинализираните групи, преку унапредување на политиките, практиките и капацитетите на институциите.