Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

На 24 февруари 2022 година, со почеток во 11 часот, Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата ќе организира настан за презентација на анализите „Мапирање на ризици од корупција во животната средина“, „Антикорупциска проверка на Законот за животната средина“ и „Анализа на еднаквоста на испорачаните здравствени услуги во различните Ковид-центри“, подготвени со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество – Македонија.

Дискусијата има за цел да ги претстави наодите од анализите и да направи сублимат на настаните кои се случуваа во 2021 година во две ризични области од корупција: животна средина и здравство. Воедно, ова ќе биде можност да се даде осврт на можните предизвици кои не очекуваат.

Во 2021 година, главен фокус на Платформата беше следењето на корупцијата во две клучни области: здравството и животната средина за што се планирани повеќе активности. Фокусираното делување на Платформата на две ранливи области – здравство и животна средина ќе придонесе кон поголема соработка со други граѓански мрежи и институции и работи кон унапредување на политиките во областите и меѓусебно градење на капацитетите. Воедно, ќе придонесе кон вклучување на антикорупциски пристап во секторската анализа за планирање на реформи во областите животна средина и здравство.

Конференцијата ќе се одржи онлајн, на платформата Zoom, на 24 февруари 2022 година, од 11 до 12:30 часот.

Линк за регистрација.

Преземете агенда.

Говорници: