Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Како се трошат народните пари и дали сите граѓани имаат еднаков  пристап до здравствените услуги, зошто е потребно граѓаните да се вклучени во планирањето, спроведувањето и евалуацијата на законската регулатива и буџетот се дел од прашањата преку кои заедно со наште партнери и грантисти се залагаме за подобрување на здравствениот статус на граѓаните, особено на маргинализираните групи. Минимизирањето на дискриминацијата на Ромите во здравствениот сектор правното зајакнување на оваа ранлива група како на локално, така и на национално ниво е исто едно важно прашање на кое Фондацијата посветува особено внимание.

На дводневната меѓународна обука за примена на методологиите за социјална отчетност и правно зајакнување преку примери ќе се разгледува работата на вклучените граѓански организации и проблемите со кои се среќаваат тие, но и начините како да се надминат истите. Целта е да се постигнат позитивни промени и подобрување на пристапот до здравствена заштита и степенот на користење на здравствените права на Ромите во регионот. Исто така, ќе се разгледува и процесот на спојување на методите за работа на социјалната отчетност и правното зајакнување со цел соодветно препознавање  и адресирање на проблемите на ромската заедница. Ќе се дискутира и за можностите за заедничко делување и вмрежување на граѓанските организации од регионот кои работат на полето на унапредување на здравјето на Ромите.

Обуката ја организира Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со Здружението ЕСЕ и Програмата за Јавно Здравје при Фондациите Отворено општество – Њујорк, а учествуваат 45 претставници од граѓански организации од Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка и Македонија.

 

Говорници:

ТЕМП СПИКЕРИ