Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Во рамките на проектот „Основи на законодавството од областа на животната средина и механизми во служба на здруженијата на граѓаните“, финансиран од Фондацијата Отворено општество –   Македонија (ФООМ), ЗОР Милиеуконтакт Македонија Ве поканува да земете учество на обука на тема „Климатски промени“ која ќе се одржи на 6 јуни 2022 (понеделник), со почеток во 13 часот, на платформата Zoom.

Ова е првата од шесте обуки предвидени да се реализираат во рамки на концептот „Зелен скок – Партнерства за климатска акција“ на ФООМ за јакнење на капацитетите на граѓанските организации за искористување на правата и можностите кои ги дава законодавството од областа на животната средина, а со цел нивна поголема инволвираност во креирање на мислења и одлуки на локално ниво.

Обуката има за цел да го унапреди знаењето на учесниците за климатски промени и климатска акција, како и да ги запознае учесниците со содржината и имплементацијата на меѓународни конвенции и договори за климатски промени. Исто така, за време на обуката ќе бидат претставени примери за мерки за ублажување на климатските промени (МИТИГАЦИЈА) и мерки за прилагодување и отпорност кон климатските промени (АДАПТАЦИЈА).

Линк за следење на обуката:

https://us02web.zoom.us/j/83477944106?pwd=MVN3OEladFJ1S0ljRGpyQ2NJUVpVZz09

Говорници: