На 16 март 2022 година (среда), со почеток во 12 часот, на онлајн на платформата ZOOM, Мрежата за заштита од дискриминација ќе одржи конференција на тема „Со соработка и партнерство до квалитетни политики и практики за спречување и заштита од дискриминација“ преку која ќе се промовира работата на Мрежата и планираните активности за 2022 година, а кои се насочени кон унапредување на политиките и практиките за заштита од дискриминација и промоција на правото на еднаквост.
Еднаквоста е човеково право и уставна вредност која мора да се унапредува преку конкретни политики, мерки и активности. Таа претставува фундамент на демократијата и на социјалната правда. Годишната програма на Мрежата за заштита од дискриминација има за цел да придонесе кон поеднакво општество преку мерки во повеќе области: легислативни измени, унапредување на капацитетите на институциите и следење на состојбите со цел унапредување на политиките и практиките за заштита од дискриминација и промоција на еднаквоста. Активностите кои Мрежата ќе ги преземе се исто така насочени кон хармонизација со правото на ЕУ, што подразбира усогласување на нашето национално законодавство со правните норми на Унијата со, што е еден од условите за одредена држава да стане членка на ЕУ.
На настанот ќе биде промовиран најновиот документ за јавни политики „Државниот инспекторат за труд како заштитник на работниците од дискриминација“ од авторката Наташа Петковска, правна советничка во Хелсиншкиот комитет за човекови права и Мрежата за заштита од дискриминација.
Линк до настанот: https://us02web.zoom.us/j/89661865974
АГЕНДА
Отворање на конференцијата и воведен дел:
Унапредување на политиките и практиките за спречување и заштита од дискриминација и промоција на еднаквоста – Придонесот на Мрежата за заштита од дискриминација
12.00 – 12.05 Данче Даниловска Бајдевска, програмска директорка, Фондација Отворено општество – Македонија
12.05 – 12.10 Наташа Бошкова, правна експертка, Коалиција Маргини, Мрежа за заштита од дискриминација
Модераторка: Тона Карева, Хелсиншки комитет за човекови права, Мрежа за заштита од дискриминација
Презентација на документ за јавни политики:
12.10 – 12.30 „Државниот инспекторат за труд како заштитник на работниците од дискриминација“, авторка Наташа Петковска, правна советничка, Хелсиншки комитет за човекови права, Мрежа за заштита од дискриминација
12.30 – 12.50 Панел: Осврт на работата на телата за еднаквост: состојби, предизвици и начини на соработка со граѓанскиот сектор во заштитата од дискриминација и поеднакво општество
Говорници: Народен правобранител, г-дин Насер Зибери
Игор Јадровски, член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
Сања Јовановиќ Панева, Мрежа за заштита од дискриминација
Модераторка: Ева Спасевска, ХЕРА, Мрежа за заштита од дискриминација
12.50 – 13.10 Панел: Дискриминацијата во руралните средини и предизвиците на жените земјоделки
Говорнички: Елена Грозданова, Државен советник во Министерство за труд и социјална политика (да се потврди)
Марина Ташеска, Лаг АГРО Лидер
Лилјана Јоноски, Рурална Коалиција
Модераторка: Јована Јовановска Кануркова, Хелсиншки Комитет за човекови права, МЗД
13.10 – 13.30 – Прашања и дискусија
13.30 – 13.35 – Завршни зборови и затворање на настанот
Говорници: