Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Организацијата Аналитика тинк-тенк со особена чест и задоволство Ве поканува на настанот на кој ќе се презентираат наодите од анализите на четирите слободи во рамки на економска интеграција на Западен Балкан (слободно движење на стоки, услуги, лица и капитал). Истовремено, ќе се презентираат наодите од првото квантитативно и квалитативно истражување ‘’Перцепцијата на извозно ориентираните компании во Северна Македонија за Иницијативата „Отворен Балкан“.

Анализите и истражувањето беа изработени во рамки на проектот ‘’ЕКОНОМСКА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН – регионална економска соработка и заеднички регионален пазар – мапирање на напредокот’’, со поддршка на Фондација Отворено Општество Македонија (ФООМ).

Целта на анализите е да се креира целосна слика за постојната состојба, мапирање на напредокот на РС Македонија кон економска интеграција на Западен Балкан и утврдување на моменталната ситуација во рамки на интегративниот процес на РС Македонија кон ЕУ, со осврт на 4те слободи (слободно движење на стоки, услуги, лица и капитал). Главна цел е сеопфатно мапирање на клучните актери и нивните позиции и предлог препораки за подобрување и зајакнување на соработката во рамки на ‘’Отворен Балкан’’ иницијативата.

Преку овој настан сакаме да отвориме процес на дијалог помеѓу сите релевантни засегнати страни, но пред сѐ интегрирање на сите засегнати страни (јавен и приватен сектор) преку анализи и препораки за креирање на систематски пристап за зајакнување на економската соработка и интеграција на РС Македонија во рамки на Западен Балкан.

Онлајн настанот ќе се одржи на 9ти февруари од 11:00 до 13:00 часот, на платформата Zoom. Работен јазик на настанот е македонски.

АГЕНДА

Говорници: