Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Во изминатиот период, Фондацијата Отворено општество – Македонија и експертскиот тим составен од Сабина Факиќ, Герман Филков, проф. Ана Павловска-Данева и Константин Битраков, спроведоа серија на интервјуа со раководните структури во општините Кичево, Шуто Оризари, Кавадарци, Берово и Валандово.

Интервју со  секретар на општина Кавадарци Тодор Ефремов и заменик раководител на сектор за финансии Тони Петров

Експертите разговараа со претставници на општините за прашања врзани со управни постапки, дискрециски овластувања, јавни набавки, планирање и извршување на буџет, менаџмент на човечки ресурси, управување со средства, ревизија, антикорупција и интегритет.Интервју со градоначалник на општина Валандово Перо Костадинов, секретар Боро Киров и внатрешен ревизор Илчо Панчев

Паралелно, до административните службеници во петте општини доставен е прашалник, преку кој се осознаваат нивните ставови и перцепции, а во врска со потенцијалните ризици од корупција и судир на интереси.

Интервју со градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски, раководителка на сектор за човечки ресури Емилија Ваканска и внатрешна ревизорка Марина Предарска

Во процесот на прибирање на податоци врз основа на која се прави мапирањето, посебно важна улога има истражувањето на јавното мислење на граѓаните во овие општини, кое е спроведено во месец февруари од страна на ТИМ Институт (овие податоци ќе бидат и јавно објавени).

Интервју со членка на Советот на општината на Шуто Оризари Фатима Османовска и секретар Георги Клинчаревски

Експертите во оваа фаза ја анализираат и подзаконската правна рамка, односно актите, правилниците и процедурите донесени од општините, а кои можат да кријат ризици од корупција или судир на интереси.

Интервју со шеф на кабинет на градоначалникот на општина Кичево Емин Насуфи и внатрешна ревизорка Снежана Јончиќ

Во следниот период, за секоја општина ќе биде организирана посебна работилница на која експертскиот тим и претставници на локалните администрации и раководства од петте општини, ќе ги дискутираат утврдените ризици и ќе развијат план за интегритет преку кој истите ќе сузбијат или намалат.

 

Овие активности се спроведуваат во рамки на проектот „Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво“, кој го реализира Фондација Отворено општество – Македонија, а  е дел од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Повеќе информации за Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Содржината на оваа веб страница не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

—————————————————

3 април 2022