Во рамки на активноста “За општина без корупција!”, здружението Мултикултура (Тетово) во соработка со Општина Желино креираа правно катче кое ќе им послужи на граѓаните на оваа општина како адреса за побарување на правен совет и помош, како и поддршка за пријавување на корупција и судир на интереси.
Секој вторник од 14:00 до 16:00 часот, граѓаните ќе бидат во можност да реализираат директни состаноци со правник од Мултикултура во правното катче во просториите на општина Желино. Дополнително, секој работен ден од 12:00 до 15:00 часот, граѓаните ќе можат да добијат и бесплатни правни совети за адресирање и пријавување на корупција и судир на интереси во нивната општина, на телефонскиот број +389 70 858 144.
Здружението Мултикултура (Тетово), заедно со граѓанските организации Сите за правично судење (Скопје), Избор (Струмица), ЕХО (Штип), Станица ПЕТ (Прилеп) ќе овозможат правна помош за граѓаните кои препознале и сакаат да пријават корупција и конфликт на интереси со посебен фокус на општините Желино, Карпош, Дојран, Охрид и Прилеп.
Соработката со овие граѓански организации и нивните активности се дел од проектот „Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво“, кој го реализира Фондација Отворено општество – Македонија во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Повеќе информации за Проектот на УСАИД за граѓанско учество на https://cep.mk/ и https://www.facebook.com/CEPNorthMacedonia
Содржината на оваа веб страница не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.
—————————————————
2 септември 2020