Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Во досегашните анализи, регистрирани се проекти и активности поврзани со отворените образовни ресурси (ООР) со различни степени на развиеност, вмреженост и функционалност. Генерална оценка е дека во Северна Македонија се присутни одредени активности, модели и проекти во поразвиени фази, базирани на концептите за отворено образование достапно за сите кои се добра основа и платформа за понатамошен развој на ООР. Сепак, во многу сегменти недостигаат дополнителни ресурси, активности и алатки кои би ја прошириле примената на ООР во Северна Македонија и би го зголемиле нивното учество во образованието.

Анализата „Вклучување на отворените образовни ресурси во образовниот процес” се фокусира на прашањето на „Отворените образовни ресурси – ООР и концептот на употреба на образовните материјали достапни за слободна употреба, за сите заинтересирани корисници како во формалното така и во неформалното

образование и други. Во анализата се разгледува употребата на ООР во образовниот процес на глобален план, како и состојбата но и законската рамка за ООР во РС Македонија. Се разгледуваат искуствата од Европа и светот и се прави преглед на дигиталните образовни платформи и онлајн наставата во РСМ. Анализата секако дава и препораки за вклучување на ООР во редовната настава.

Анализата цели да разјасни добар дел од дилемите кои ги опкружуваат отворените образовни ресурси во нашата земја, а преку препораките, да придонесе за нивно помасовно користење, споделување, и преку тоа, градење на култура на солидарност и слободно споделување на знаењето помеѓу сите чинители во образовниот процес, со конечна цел – подобрување на квалитетот на образованието за сите ученици.

Целосниот текст на анализата можете да ја најдете тука

 

Анализата е изработена во рамки на проектот Отворени образовни ресурси кој го спроведува Фондацијата Метаморфозис, а со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

—————————————————

17 декември 2020