Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Од почетокот на проектот досега, нашата мобилна библиотека помина повеќе од 2000 километри и го промовираше читањето помеѓу учениците од 10 основни рурални училишта од различни делови во државата.

Веќе започнавме со нов циклус на посети во проектните училишта и повторно ги посетивме О.У. „Браќа Рибар“- Табановце, О.У.„ Кирил и Методиј“- Кучевиште и О.У. „Светозар Марковиќ“- Старо Нагоричане.

На едукативните активности со нашите познати актери Ѓорѓи Нешковски и Дени Стојанов присуствуваа повеќе од 170 ученици, а не’ посетија и нивните наставници и родители.

Посетите со „Библиотеката на тркала” се дел од концептот „Образование на помалите етнички заедници”, спроведуван од Фондацијата Отворено Општество- Македонија (ФООМ) во партнерство со Фондацијата „Чекор по чекор” и има за цел да ја унапреди наставата на јазиците на помалубројните заедници.

—————————————————

28 октомври 2019