Конечно, се осветлува студентската населба во Тетово. Секои 4 години се ветува подобрување на инфраструктурата во оваа населба. Станува збор за населба која е, главно, населена со студенти, бидејќи се наоѓа на пет минути од двата универзитета на овој град.
Студентите во Тетово живеат како во среден век, во населба со руинирана инфраструктура, фрлени отпадоци насекаде, генерално лоши услови и темнина.
Група активисти од Тетово, поставија јавно осветлување, со цел да ја направи проодна улицата во текот на ноќта, и конечно оваа населба веќе не претставува опасност само за студентите, туку и за другите жители на оваа улица.
Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапнo и секвенцијално од страна на различни автори.
Акцијата “Се осветлува населбата на студентите во Тетово“ е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
—————————————————
23 февруари 2021