Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

На 28 март 2022 година, извршната директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија Фани Каранфилова-Пановска оствари средба со Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, со цел продлабочување на заедничките заложби во процесот на Партнерството за отворена власт во насока на промовирање на транспарентност, поддршка на граѓанското учество, борба против корупцијата и искористување на новите технологии.

На средбата се разговараше за значењето на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021 – 2023 и Мрежата на граѓански организации за Партнерството за отворена власт, како значајни механизми за структурен дијалог помеѓу граѓанското општество и властите, граѓаните и другите засегнати страни.

Исто така, посебно внимание беше посветено и на соработката со граѓанското општество и искористувањето на нивните капацитети во тековниот процес на државната реорганизација и креирањето на новата Стратегија за реформа на јавната администрација.

—————————————————

31 март 2022