Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Здружението на граѓани на текстилните, кожарските и чевларските работници Гласен Текстилец, Штип е организација која се залага за остварување на правата на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија.

Сознанијата од работата со текстилните работници на терен, посочуваат дека тие се во неповолна позиција од повеќе аспекти. Разгледувајќи го аспектот на пристап до правда, досегашните искуства и анализи покажуваат дека на текстилните работници имаат навистина ограничен пристап до правда. Тоа најчесто се должи на недоволната информираност, но и на стравот од институциите како што е на пример трудовиот инспекторат, немањето доверба во институциите, како и финансискиот аспект, односно скапиот судски процес.

Воедно, работниците многу често се среќаваат и со проблеми во текот на судскиот процес против кои се немоќни: опструкции за обезбедување на пристап до правда, особено на маргинализирани како и примери со политичко и други влијанија врз  работата на институциите. Во овој контекст, обезбедувањето на бесплатна правна помош при прекршување на работнички и човекови права, мобинг и дискриминација е од клучно значење работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија – на овој начин работниците имаат повеќекратно шанса за правда пред институциите.

Проектот „Пристап до правда во Источниот регион“ чија цел е унапредувањето и почитувањето на човековите права преку подобрување на пристапот до правда на граѓаните, преку планираните активности ќе овозможи мониторинг врз работата на судовите и задоволството на граѓаните кои се обратиле до истите судови и надлежни институции при прекршување на човекови и работнички права.  На тој начин ќе се обезбеди точен приказ на моменталната состојба и задоволството на граѓаните од  институциите одговорни за пристапот до правда и правично судење, но и ќе се зголеми информираноста на граѓаните за тоа на кој начин да дојдат до пристап до правда доколку им се прекршени нивните човекови права.

Воедно, користејќи информации кои ќе произлезат од мониторингот и анализата, проектот ќе се обиде да ја запознае јавноста и институциите за важноста на реформирано судство и правда за сите како неопходни позиции во пристапување кон Европската Унија каде почитувањето и уживањето на човековите права на граѓаните е највисока вредност и приоритет.

„ Пристап до правда во Источниот регион” е еден од 15-те проекти на граѓански организации целосно поддржани од ФООМ за спроведување активности кои ќе придонесат за подобро разбирање на процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

За повеќе информации за работа на ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ како и за активностите од проектот, следете ги на нивниот веб сајт и нивната фејсбук страница.

—————————————————

28 јули 2020