Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Прирачникот за водење на јавна расправа во управен спор е резултат на поддршката на управното судство во примената на новите законски измени во Законот за управните спорови. Со оваа законска новина, преку зголемување на ефективноста на Управниот суд на РСМ ќе се зголеми заштитата на административната правда. Целта на Прирачникот е да им помогне на управните судии во примената на начелото на водење на јавна расправа во управен спор кое во македонското управно судство станува правило и да им помогне на управните судии во нивното секојдневно работење.

Целосниот текст на прирачникот можете да го најдете тука

Прирачникот е изработен како дел од проектот ,,Административна правда по европски стандарди” имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, а поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Повеќе за проектот прочитајте тука: https://bit.ly/3gOzztt

***

„Административна правда по европски мерки” е еден од 15-те проекти на граѓански организации целосно поддржани од ФООМ за спроведување активности кои ќе придонесат за подобро разбирање на процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

—————————————————

11 август 2020