Со поддршка од Фондацијата отворено општество – Македонија во рамки на Концептот Партнерства во заедниците за унапредување на локалната демократија, Мрежата на ЛАГови со седиште во Кривогаштани, во 2019 година го реализираше проектот „Заедно за заштита на животна средина“ во општина Битола.
Една од целите на проектот беше креирање и поднесување на документ до општина Битола со препораки за унапредување на квалитетот на воздухот, водите и почвата како и заштита, уредување и унапредување на заштитените подрачја и подигање на јавната свест.
Согласно документот со препораки и во согласност со приоритетите на Oпштина Битола досега се прифатени 3 (три) од предложените 9 (девет) препораки:
- Воведување на еколошки јавен превоз со стандард „Еуро 6“ – https://bit.ly/3nJpn8j
- Субвенционирање за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух – https://bit.ly/3bQTBnB и https://bit.ly/3qog3In
- Развивање на зелена уметност – https://bit.ly/2XCld7h
Сите препораки кои ги доставија Мрежата на ЛАГови можете да ги најдете во документот подолу.
Предлог мерки за програма за заштита на животната средина во општина Битола за 2020
—————————————————
14 јануари 2021