Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

На 23.12.2020 беше потпишан меморандум за соработка за обезбедување на бесплатна правна помош и пристап до правда помеѓу Министерството за правда и Адвокатската комора на Република Северна Македонија, Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), Младинскиот Културен Центар МКЦ – Битола, Македонското здружение на млади правници, Скопје, Здружението Национален Ромски Центар Куманово, Здружението ЕХО Едукативно – хуманитарна организација Штип, Здружението Мултикултура, Тетово, Здружението на граѓани Избор, Струмица, Здружението Хелсиншки комитет за човекови права, Скопје, Језуитската служба за бегалци – подружница во Република Македонија, Скопје, Коалицијата на здруженија на граѓани СИТЕ ЗА ПРАВИЧНО СУДЕЊЕ Скопје, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Здружението на граѓани Институт за човекови права Скопје, Правната клиника Правен Факултет – Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, Правната клиника „Центар за Правна клиничка едукација по казнено право“, во состав на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“,  Правната клиника “PRO BONA”, Правен факултет при Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово, Правната клиника за ранливи групи, формирана како центар за правна клиничка едукација во состав на Правниот факултет „Јустинијан Први“, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Правната клиника „Американ Колеџ“, во рамки на Факултетот за правни науки при Универзитетот Американ Колеџ – Скопје и Правната клиника „Одделение за клиничко-правно образование“, во рамки на Правниот факултет Кичево, при Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола.

Меморандумот за соработка е потпишан како резултат на потребата од натамошно развивање на меѓусебна соработка, со цел натамошно зајакнување на ефективноста на овозможување и унапредување на правото на пристап до правдата и правичната судска заштита нa физичките лица преку размена на знаења, искуства и најдобри практики.

Со овој Меморандум за соработка потписниците воспоставуваат соработка во чија рамка ќе овозможат меѓусебна техничка соработка и размена на искуства за прашања врзани со обезбедување на бесплатна правна помош и пристап до правда, промовирање на системот за интегритет и добро управување и пристап до правда. Ова вклучува обезбедување на примарна и секундарна бесплатна помош; организирање настани од интерес и обуки и семинари за потребите; проширување на мрежата на соработка со други институции и организации; стручна помош и анализа како и меѓусебно информирање за резултатите од работењето.