Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram
Каква е фактичката состојба во однос на транспарентното прикажување на платите?
На огласите за вработување ретко се објавува износот на нето-платата. Работодавачите упорно одбиваат да ја почитуваат законската обврска, која ги задолжува да го наведат паричниот износ на основната или износот од најнизок до највисок степен на нето-платата за работното место за кое се бара работник, кога вработуваат по пат на јавен оглас. Како ова влијае на можноста за дискриминација на работните места?
Огласувачите најчесто нагласуваат дека платата ќе биде договорена по завршувањето на процесот на вработување со успешниот кандидат, затоа што сметаат дека на тој начин ќе можат да обезбедат подобра понуда за себе, односно да определат помала плата за работникот. Ова особено важи за преговорите во кои успешниот кандидат за вработување е жена, затоа што самата поставеност на пазарот на трудот ги става жените во понеповолна позиција за преговори.
Податоците посочуваат дека жените се огромно мнозинство од неактивното население, често заработуваат помалку и работат во послабо платените индустрии.Изложеното посочува дека РС Македонија, освен во одредени делови и донекаде, ја нема потребната законска основа за намалување на јазот и дека во реалноста речиси и не се преземаат никакви чекори за вистинско справување со проблемот.
Кои се придобивките од елминирањето на родовиот јаз на платите?
Документот наведува заклучоци и препораки кои целат да го унапредат македонскиот правен систем со тоа што ќе ги постават контурите за подобро трудово и антидискриминаторско законодавство.
Заклучоците извлечени од документот за јавни политики „ПЛАТА: ПО ДОГОВОР“ – Намалување на родовиот јаз преку транспарентност на платите погледнете ги подолу, а целосниот документ достапен на македонски и англиски јазик, е тука:
Документ за јавни политики на македонски јазик
Документ за јавни политики на англиски јазик
Извршно резиме на македонски јазик 
Документот е изработен во рамки на проектот „Мрежа за заштита од дискриминација: Здружена акција за унапредување на еднаквоста и социјалната правда на маргинализираните заедници“, финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија.

—————————————————

25 ноември 2021