Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Започнаа часовите со практична работа во пластеникот во ООУ„Јохан Хајнрих Песталоци“. Учениците од училиштето преку овие часови со практична работа ќе се запознаат со процесот на одгледување на дрвца и билки, но и ќе научат како треба да се грижат за засадените растенија. Тие, сега за сега, садат разни билки и дрвца во пластеникот, со насоки од наставниците и дел од родителите, учејќи ги основните процеси. Она што ќе го научат сега на овие часови, понатаму ќе им помогне да го зазеленат и училишниот двор, иницијатива од која ќе имаат придобивки многу идни генерации на „Песталоци“.

Децата сакаат да учат низ пракса и игра, на тој начин полесно и подолготрајно се стекнуваат со знаења. Во пластеникот, низ часовите со практична работа, тие ќе научат многу, но и ќе си го разубават секојдневието, а и ќе го зазеленат училишниот двор.

Интересот на учениците е огромен, тие со радост учествуваат и придонесуваат на часовите, учат за растенијата, животната средина, одговорноста кои тие ја имаат кон природата. Преку овие практични часови кај нив се развива нивната еколошка свест, нешто што е од непроценлива важност, особено во ова време на сериозни климатски промени кои се случуваат. Имајќи ги предвид сите проблеми врзани со животната средина со кои се среќаваме секојдневно, како на пример загадениот воздух, од особена важност е кај децата да се всади идејата за заштитата на природата и на нејзините ресурси. Воедно, идејата дека нивното активно учество како поединци ќе придонесе кон нешто од кое што ќе имаат придобивка сите ученици како група и училиштето како заедница, е огромна придобивка која не е видлива на почеток, но ќе остави силна трага кај децата, идни активни граѓани.

Децата сакаат да учат низ пракса и игра, на тој начин полесно и подолготрајно се стекнуваат со знаења. Во пластеникот, низ часовите со практична работа, тие ќе научат многу, но и ќе си го разубават секојдневието, а и ќе го зазеленат училишниот двор.

Пластеникот во ООУ„Јохан Хајнрих Песталоци“ е реализиран со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

—————————————————

17 април 2019