Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram
„Аналитика“ спроведе квантитативно истражување со 50 извозно ориентирани компаниии во однос на придобивките и очекувањата од иницијативата „Отворен Балкан“.
Согласно наодите од истражувањето, голем процент од компаниите сметаат дека иницијатива „Отворен Балкан“ е од големо значење за нив поради можностите за подобрување на работата и остварување на поголем раст на компанијата. Високи 96,4% од анкетираните рекле дека оваа иницијатива би отворила нови можности за нивната компанија, наспроти само 3,6% кои го сметаат спротивното.
Дел од наодите од истражувањето погледнете тука, а целосниот извештај од исражувањето можете да го прочитате на следниот ЛИНК.
Истражувањето е изработено во рамки на проектот „ЕКОНОМСКА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН – мини-шенген, регионална економска соработка и заеднички регионален пазар – мапирање на напредокот – можност за приближување на Северна Македонија кон внатрешниот пазар на ЕУ”, што го спроведува Аналитика – Скопје, со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

—————————————————

2 февруари 2022