На покана на тимот од Европската училишна мрежа (European Schoolnet) кој ја координира Платформата подобар интернет за децата Better Internet for Kids Platform во име на Европската Комисија, Фондацијата Отворено општество-Македонија организираше консултативни сесии за прибирање на мислењето на различни чинители за нивните приоритети за промоција, заштита, почитување и уживање на правата на децата во дигиталниот свет. Целта на овие консултации беше да се прашаат децата и младите за можностите, за предизвиците и потенцијалните ризици кои ги имаат онлајн, но и да им се даде појасна слика на креаторите на политики во ЕУ за чекорите кои се преземаат за да се обезбеди дека Дигиталната декада ќе одговара за сите деца и млади во Европа.
Вкупно 41 ученик (основци, средношколци, ученици Роми и деца со посебни образовни потреби како и 8 родители) учествуваа на 3 онлајн и 2 консултативни сесии со физичко присуство кои беа организирани од 1 основно училиште („ООУ Христијан Карпош“ од с. Драгоманце, општина Старо Нагоричане) и 3 граѓански организации (Ресурсен Центар за родители на деца со посебни потреби, Центарот за образовна поддршка Дендо Вас и Младинскиот образовен форум -Скопје.
Придонесот на учесниците стана дел од извештајот „Како да се направи Декадата на Дигитална Европа погодна за децата и младите луѓе?“ достапен на https://www.betterinternetforkids.eu/digitaldecadereport
—————————————————
10 декември 2021