На 9 и 10 март, беше одржана заедничката работилница за системи на интегритет на локално ниво, на која учествуваат службеници – членови на тимовите за интегритет од општините Желино, Карпош, Дојран, Прилеп и Охрид.
Работилницата ја водеше експертскиот тим составен од Ана Павловска-Данева, Сабина Факиќ, Герман Филков и Константин Битраков. Учесниците разговараа за потенцијалните предизвици кои може да се јават при спроведување на плановите за интегритет, односно активности како што се делегација на надлежности, ограничувања на дискрециски овластувања, доуредување на постапките за спроведување на јавни набавки, спроведување на внатрешна ревизија и сл.
Нури Бајрами и Владимир Георгиев, членови на Државната комисија за спречување на корупција разговараа со учесниците околу концептот на интегритет на локално ниво и начините за подобрување на комуникацијата и соработката помеѓу општините и Државната комисија.
Оваа работилница е дел од проектот „Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво“, кој го реализира Фондација Отворено општество – Македонија, во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
—————————————————
11 март 2021