Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

На 20 јули се одржа третата видео седница на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за ОВП 2018-2020.

Седницата ја организираше и претседаваше г-ѓа Маја Петковска Лесес, ко-претседателка на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство (Совет) и Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 годин (НАП).

На седницата учествуваа 11 членови на Советот, како и Гордана Гапиќ Димитровска – Национална координаторка за Отворено владино партнерство при Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА),  Адриан Абази и Станислав Василевски – МИОА; Александра Цветковска – НДИ; Бојан Василевски – Собранието на Република Северна Македонија; Златко Атанасов – Парламентарен институт – Собранието на Република Северна Македонија; Александра Јовевска Ѓорѓовска – Институт за демократија „Социетас Цивилис“; Горица Наџинска – ЦПИА; Марија Николовска Арсовска и Ќендреса Сулејмани – Фондација Метаморфозис.

Двајца претставници од стручно-административната служба на МИОА и Ивона Сталевска од Фондацијата Отворено општество – Македонија (членка на Советот и координаторка на Мрежата на граѓански организации за ОВП) обезбедија административна и логистичка поддршка за подготовка и организација на седницата.

По усвојувањето на предлог-дневниот ред, Работната група формирана од Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година на седницата одржана на 9.06.2020 година во состав: Дарко Антиќ од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, Ивона Сталевска од Фондација Отворено општество – Македонија, Ели Чакар од Министерство за локална самоуправа, Гордана Гапиќ Димитровска од Министерство за информатичко општество и администрација, Сунчица Костовска-Петровска од Фондација Отворено општество – Македонија,  Ќендреса Сулејмани и Марија Николовска Арсовска од Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис задолжена за подготовка на предлог Временска рамка и начин на спроведување на процесот на ко-креирање на Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2020-2022 година, ги извести членовите на Советот за предлог-динамиката и постапка на спроведување на процесот на ко-креирање и изврши презентација на предлог документите: Предлог-постапка за спроведување на консултации со јавноста за креирање на нови приоритети и заложби во рамки на процесот „Отворено владино партнерство”; документи кои произлегоа од предлог-постапката (Временска рамка за подготовка на НАП, Обрасци за пополнување-дел од постапка за ко-креирање, Јавен повик за пријавување на учество во процесот на ко-креирање на НАП за Отворено владино партнерство 2020 – 2022 година), како и Предлог-насоките за спроведување прашалник за оценка на имплементацијата на мерките од НАП за Отворено владино партнерство и потребата од нивно вклучување во новиот акциски план.

Членовите на Советот ги разгледаа и дискутираа и врз основа на предлог документите заклучија по внесени измени и дополнувања во содржината истите да ќе бидат усвоени на дописна седница на Советот на 29.07.2020 година. Гласањето ќе се одвива електронски по внесување на индвидуални креденцијали на секој член на Советот.

Во продолжение на седницата на Советот, од страна на Александра Цветковска од НДИ беа презентирани тековните активности во процесот на ко-креирање на заложби за Отворен парламент, додека Горица Наџинска од ЦПИА ги презентираше за тековните активности во процесот на ко-креирање на заложби за Отворено судство.

—————————————————

23 јули 2020