Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Фондацијата Отворено општество – Македонија во периодот 16 – 19 декември 2019, х.Сириус, Струмица одржа семинар за правно зајакнување за вработените во подрачните одделенија на Министерството за правда.

Освен вработените во подрачните одделенија на Министерството за правда, на семинарот учествуваа и претставници на Коалиција Маргини, Романо Чачипе, Правна клиника, Правен факултет „Јустинијан први“, Скопје, ЕХО Едукативно – хуманитарна организација – Штип, Македонско здружение на млади правници, како и претставници на Министерство за правда, Министерство за труд и социјална политика, Државниот управен инспекторат, но и експерти на Совет на Европа.

Преку теоретските и интерактивни работни сесии на семинарот, вработените во подрачните одделенија на Министерството за правда се стекнаа со соодветни знаења за тоа што содржи концептот за правно зајакнување како и за облиците на пристап до правда во заедницата – обезбедување на правна, параправна и бесплатна правна помош како и Правната клиника. Воедно беа разгледани и идентификуваните предизвици кои произлегуваат од досегашната примена на Законот за бесплатна правна помош, архивирање и водење уписник за реалните акти кои ги носат подрачните одделенија, социјалната реформа и новите права од социјална заштита и презентација на процесните алатки за постапување по барањата за бесплатна правна помош.

Семинарот е дел од приоритетот Пристап до правда  во рамки на четвртиот Национален акциски план за Отворено Владино партнерство 2018-2020, во заложбата за која референтна институција е Министерството за правда.

Програмата за настанот е дизајнирана во соработка со претставници на Министерството за правда и Советот на Европа.

—————————————————

20 декември 2019