Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

На 22 февруари 2022 година се одржа првиот, заеднички работен состанок помеѓу Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), експертскиот тим и претставници на партнерските општини Кичево, Берово, Валандово, Шуто Оризари и Кавадарци во рамки проектот „Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво“.

На состанокот, експертскиот тим составен од Герман Филков, Сабина Факиќ, проф. Ана Павловска-Данева и Константин Битраков, ја презентираа „Методологијата за проценка на ризици по интегритетот на единиците на локалната самоуправа и подготовка на плановите за интегритет”. Методологијата дава оперативна рамка за подготовка на проценките на ризици по интегритетот и плановите за интегритет. Овој процес се спроведува во неколку фази и чекори и истиот се базира на соработка, доверба и разбирање помеѓу сите засегнати страни.

Оваа активност е дел од проектот „Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво“, кој го реализира Фондација Отворено општество – Македонија, а е дел од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Повеќе информации за Проектот на УСАИД за граѓанско учество на https://cep.mk/ и https://www.facebook.com/CEPNorthMacedonia

Содржината на оваа веб страница не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

—————————————————

28 февруари 2022