Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје (ХОПС) ја одржа првата дводневна обука од циклусот на обуки кои следат за параправници кои даваат совети и помош на заедниците со кои работи организацијата – сексуални работници и луѓе кои употребуваат дрога.

Обуката се одржа на 4-ти и 5-ти мај, 2022 година и имаше цел да ги зајакне капацитетите на параправниците за презентирање и пренесување информации и обезбедување параправна помош. Обучувачките Деспина Стојановска и Маргарита Глигуровска се фокусираа на пристапи на комуникација со маргинализирани заедници, методи и алатки за успешна мобилизација на луѓето од заедниците и нивно запознавање со услугите што ги нуди ХОПС. Понатаму, беше презентирано што претставува и која е улогата на параправната помош и начинот на кој таа се спроведува/имплементира во програмите на ХОПС. Обуката беше интерактивна и учесниците имаа прилика да споделат лични искуства како и да стекнат вештини преку практични примери и вежби.

Проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ е финансиран од Европската Унија а го спроведуваат Фондацијата Отворено општество – Македонија, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Здружението за правна едукација и транспарентност – Станица ПЕТ.

—————————————————

9 мај 2022