Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

На 21.04.2021, ЗОР Милиеуконтакт Македонија и Фондацијата Отворено општество ‒ Македонија (ФООМ), ја реализираа обуката на тема Климатски промени наменета за граѓанскиот сектор од Општина Битола.

Цел на обуката е да се унапреди знаењето на учесниците за климатски промени и климатска акција, како и запознавање со содржината и имплементацијата на меѓународните конвенции и договори за климатски промени. Исто така обуката има за цел да направи разлика и даде соодветни примери за мерки за ублажување на климатските промени (МИТИГАЦИЈА) и мерки за прилагодување и отпорност кон климатските промени (АДАПТАЦИЈА).

Обуката започна со преглед на меѓународната законска регулатива која се однесува на климатските промени (Рамковната конвенција на ОН за климатски промени и Парискиот договор). Во однос на националната законска регулатива беа наведени досегашните одредби и членови од законот за животна средина кои се однесуваат на климатските промени, како и стратешките документи. Исто така, беше споделена информација за изработка на првиот рамковен закон за климатска акција кој е во завршна фаза и кој ќе биде достапен за коментирање од страна на засегнатата јавност, како и нацрт верзијата на долгорочната стратегија за климатска акција 2020-2050, која претставува еден од поамбициозните документи во областа на климатските промени и заштитата на животната средина.

Следуваше краток вовед во терминот климатски промени, оцена на влијанието на климатски промени, оцена на ранливоста кон климатските промени, што значи прилагодување кон климатските промени и отпорност на климата, а исто така беа објаснети термините адаптација и митигација и беа дадени примери за мерки за адаптација и митигација (ублажување) на климатските промени.

Учесниците имаа можност да работат во работни групи, каде дискутираа и дефинираа можни мерки за адаптација на климатските промени во секторите земјоделие, шумарство и бидиверзитет, како и за води и здравје. Исто така во работни групи дискутираа и дефинираа и мерки на национално и локално ниво за ублажување на климатските промени.

Оваа обука е во рамки на Концептот на ФООМ „Зелен скок – Партнерства за климатска акција“.

—————————————————

23 април 2021