Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Во периодот 24–29 Август, тимот на За Почиста Македонија тргна на турнеја низ 6 града во Македонија (Кичево, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Штип) организирајќи акции во секој град со поддршка од локалните жители. За време на TrashTour тие се соочија со интересни предизвици, научија многу нови работи, стекнаа скапоцено искуство, и имаа супер дружба и авантури.

На линкот подолу ќе можете да го погледнете краткометражниот документарен филм Trash Tour: The Movie! кој го прикажува целото ова патешествите на „За Почиста Македонија“ за време на нивната турнеја низ нашата земја.

Овој краткометражен филм претставува своевиден потсетник дека има многу луѓе на кои навистина им смета ѓубрето наоколу и кои не сакаат да седат со скрстени раце и се подготвени да се активираат за промените што сакаат да ги видат! Воедно, „За Почиста Македонија“ веруваат дека овој филм ќе ја разгори желбата за активност и ќе ги мотивира граѓаните да бидат самите пример за другите, бидејќи како штовелат од здружението „Промената нема сама да дојде, мораме да работиме за неа“.

***

Настанот е организиран во рамки на проектот “ЕКО ТУРНЕЈА Македонија – Не за ѓубре, да за акција”, финансиран од Фондацијата Отворено Општество – Македонија.

 

—————————————————

15 октомври 2021