Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Чисти патишта и тротоари, скапано овошје и зеленчук собирани во пластични кеси. Оваа е денешната фотографија од улиците и тротоарите кај Женскиот пазар, каде вообичаено се тргува во четврток во Тетово.

За да се разбере од каде доаѓа ова несовесно однесување на продавачите, денеска активистите на Здружение Мултикултура заедно со градоначалникот на Општина Тетово, раководителот на ЈКП Тетово и раководителот на Секторот за урбанизам, комунални дејности и животна средина, ги посетија продавачите во Женски пазар.

На продавачите им беа поделени вреќи за отпад со еколошки пораки со цел да се подигне свеста за одржување на пазарот и да се олесни работата на вработените во ЈКП Тетово. Истотака, е поставен еден голем импровизиран контејнер, каде продавачите можаат да ги фрлаат овие кеси на крајот на денот.

Воедно, граѓаните имаа можност да го дадат својата порака за добро одржуван пазар и чиста животна средина.

Акцијата е дел од проектот “Позитивни промени за управување со комуналниот отпад во Општина Тетово”, имплементиран од Здружение Мултикултура и финансиски поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.

—————————————————

21 јануари 2022