Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Мобилната библиотека го сврти и третиот круг. Овој пат, покрај едукативните активности во „Библиотеката на тркала“, децата, наставниците и родителите учествуваа и во работилниците за изработка на сликовници и во „Театар на сенки“. Сите заедно креиравме сликовници на турски, српски, босански и македонски јазик, а со тоа ги збогативме и училишните библиотеки.

„Наш мал театар“ е патувачки театар на сенки кој ги прикажа адаптираните драматизации од сликовниците „Марко патува околу светот“ и „Бурсунсул и Паскулина“. Со него учевме за театар, како треба да се однесуваме кога гледаме театарска претстава, какви видови на театар постојат и секако за турската традиција на театарот со сенки наречена „Караѓоз“. Со нас беа актерите Дени Стојанов, Ава Хусеини и Благојчо Стојанов.

Им благодариме на основните училишта „Браќа Рамиз и Хамид“-Шуто Оризари, „Мустафа Кемал Ататурк“-Д. Количани, „Браќа Рибар“-Табановце, „Рајко Жинзифов“- Долно Оризари, „Страшо Пинџур“- Прналија, „Кирил и Методиј“- Кучевиште, „Светозар Марковиќ“- Старо Нагоричане, „Гоце Делчев“- Ангелци, „Неџати Зекирија“- Новак и „Дитуриа“- Љубин за нивното гостопримство.

Мобилната библиотека се реализира во рамки на проектот „Образованието на помалубројните етнички заедници“ кој Фондацијата Отворено општество – Македонија го спроведува во партнерство со Фондацијата „Чекор по чекор” и Управата за унапредување на образованието на јазиците на заедниците.

—————————————————

28 декември 2019